Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори.
Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата.
„Кралот го прими на аудиенција уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати таа понуда“, соопштено е од Бакингемската палата, пренесува „Гардијан“.