ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Разговор со Мухамед Ибрахими: Креативноста сѐ уште ме служи

July 9, 2024 09:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, ФРОНТ
Мухамед Ибрахими. Фото: Фејсбук

Мухамед Ибрахими. Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Маестрален музичар, човек кој не припаѓа на денешново бизнис настроено општество, уметник каков што денес ретко се среќава, уметник којшто не прави компромиси, не се умилкува, не калкулира поради интерес. Мухамед Ибрахими, виртуоз на гитара и на мандолина, автор чија музика не може лесно да се опише, затоа што доаѓа директно од срцето негово и во која се преплетува сè она што го претставува неговиот креативен хабитус, наспроти трендовите и мејнстримот. Каков што е на сцената, скромен, а во чија скромност се крие гениј, ако кон неговото творештво му пријдете со отворен и чист ум, таков е и во разговорот, во чии одговори меѓу редовите се крие мудрост.

Мухамед, неодамна имавте настап и тоа е можеби еден од многуте поводи за овој разговор, иако ги има мал милион. Најпрвин, како сте, како живеете, ве служи ли креативноста и на плус 40?

Добар сум, фала му на Творецот за, веќе 50 плус . Што се однесува до креативноста, таа, барем кај мене, е нерамномерна или периодична, но сѐ уште ме служи.

Вашиот пристап кон творештвото и кон свирењето на гитара е мошне автентичен. Музиката којашто ја изведувате е инспиративна мешавина од повеќе стилски изрази, а сепак е врежана единствено за Вашето име, што според мене е голема предност денес во време на креативна хаотичност. Кои беа или сè уште се Вашите референци, од каде црпите енергија?

Се сложувам со автентичноста на свирењето или третирањето на гитарата, но не и само на гитарата, бидејќи и мандолината ја свирам на ист начин. За ова придонесува и мојот посебен штим на самите инструменти кој сам по себе најверојатно ја зацврстува таа автентичност или неконвенционалност. Што се однесува до присутноста на збирот на стилови, тоа најверојатно доаѓа од музиката која се слуша во текот на постоењето, а таа кај мене е доста различна, конкретно почнувајќи од The Beatles, Led Zeppelin, Pink Floyd преку Mike Oldfield, Mozart, а се разбира и Paco (иако може да се набројат уште неколку). Тоа би биле генерално „референците“ ако може така да се каже, кои на некој начин можеби се врежени во мене, а кога ќе се додаде фактот дека сме на Балканот, тогаш најверојатно се добива целата таа автентична слика.

Бидејќи сте самоук музичар, Ве фрустрира ли тоа понекогаш? Иако, за волја на вистината тоа не е никакво мерило за квалитет, но се каете ли што не се насочивте професионално во музиката?

Не, воопшто. Никогаш не размислувам „што би било кога би било“. Сум имал прилики да научам ноти, но и тоа не сум го направил. Свирам од мојата 5-та година. Во моето семејство сите се природно музички надарени. Како тинејџер мислев дека само со музика ќе се бавам и од тоа ќе живеам. Ја сакам музиката многу, таа ме исполнува, инструментите, гитарата, но, според мене, сето тоа е споредно во однос на вистинската суштина на животот.

Мошне скромен како уметник, ненаметлив, човек кој е фокусиран единствено на својот пат, без да се извалка од надворешните штетни влијанија. Јас така гледам на Вашето творештво и на Вас како уметник. Па, како успевате да се дистанцирате?

Не знам . Најверојатно е збир од карактер, воспитување, љубов и искреност кон сето тоа што се твори и прави во животот, секогаш имајќи предвид дека никој не е совршен.

Скопје е Ваш град. Тука сте си дома. Настапувате и надвор. Ако би направиле паралела со другите културни сцени, што би промениле овде?

Да бидам искрен, не сум настапувал многу на други места освен на 2,3 во Македонија и еднаш во Италија (фестивал Џифони, преку Агенцијата за филм во 2014 г.). Инаку, сцената, а и пристапот и начинот на настани, мислам дека во последните години е сменет/различен или расцепкан на мали сцени, а кон тоа најверојатно има влијание и недостатокот од објекти како Универзална сала и сл., недостаток на публика, средства, иницијативи и промоција на вистински уметнички-музички вредности од страна на институциите, комерцијализација и сл. Тоа е мое мислење.

Бевте дел од независната сцена, со „Бла-Бла-Бла“ на пример. Во тек сте што се случува на тоа поле денес и какви промени претрпува?

Во „Бла-Бла-Бла“ бев од крајот на 80-те до ’99-та. Еден од ретките бендови кои учествувале во „Нови Рок“ во Љубљана, 1990 г. Во тој период свиревме панк, а сцената ја делевме со „Парти Брејкерс“, „Обоени Програм“ и др. Еден меѓу најдобрите бендови во Македонија којшто по моето заминување во 1999 го смени стилот и издаде уште неколку добри албуми. Веќе не се активни, т.е многу ретко настапуваат како бенд.

Албанскиот фолклор е секако дел од Вашата музика, па неизбежно е и прашањето за мултиетницизмот. Живееме во такво општество. Сметате ли дека во културата има еднаква застапеност?

Во делот на референци или инспирација го нема толку албанскиот фолклор кај мене, но секако Балканот влијае. Мое мислење е дека кај нас сѐ уште е ниска свеста за тоа што значи Национална уметност и култура.

Што е следно со коешто Мухамед Ибрахими ќе нѐ израдува?

Работам на мојот трет албум, а кон крајот на годинава планирам промотивен концерт.

ТИНА ИВАНОВА

Фото: Фејсбук профил на Ибрахими


Специјално за Првата линија. Дозволено преземање само со писмена дозвола од редакцијата на Фронтлајн.

Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија, 2023 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: гитаристинтервјуМухамед ИбрахимиТина Иванова

НАЈНОВО

Фотомонтажа: РИБАРО. Генерирана со ВИ

Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

June 3, 2025
ФОТО: МИА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула

June 3, 2025
Фото: Скриншот, видео ТНТ Спорт

(ВИДЕО) Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk