ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска

July 10, 2024 08:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островце на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична  енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај.

Од страна на ЦУК е побарано од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска.

Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување  на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија.

Tags: ТрескаЦУК
Next Post

Втор ден Самит на НАТО, неизвесна средба Мицкоски со Мицотакис

EVN

НАЈНОВО

Скриншот, видео Х

Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

January 25, 2026

Видео од новото убиство на агентите на ICE во Минеаполис: убиен 37-годишен човек, локалните власти бараат повлекување на ICE

January 24, 2026

Масовен руски ракетен и дронски напад на Кијив и Харкив, милиони Украинци без струја и греење

January 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 24 и 25 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што носат првите трилатерални разговори за Украина во Абу Даби: Москва инсистира на „Формулата од Анкореџ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто куќите во Гренланд се обоени во различни бои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканот и „Одборот за мир“ на Трамп: Кој е поканет, кој прифати, кој одби – и зошто Македонија ја нема во „периметарот“ на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Должен како Грк, сиромав како Македонец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk