ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Задолжителниот воен рок германската економија може да ја чини и до 70 милијарди евра

July 10, 2024 16:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Германската економија би можела да плати огромна цена за воведување задолжителна воена служба, предупреди денеска Институтот ИФО (ifo), проценувајќи дека економската загуба може да достигне 70 милијарди евра.

Во зависност од сценариото, германскиот БДП може да се намали за еквивалент од три до 70 милијарди евра, пресметаа економистите на ИФО.

Воената обврска за сите млади луѓе на одредена возраст би значела пад на БДП за 1,6 отсто, односно за нешто под 70 милијарди евра. Една четвртина од генерацијата под воена служба би го намалила БДП за 0,4 отсто, односно за околу 17 милијарди евра, пресметале тие, потсетувајќи дека таков модел важел до укинувањето на задолжителната воена служба во 2011 година.

Според нивните пресметки, шведскиот модел на воена служба за пет отсто од припадниците на одредена генерација би чинел три милијарди евра, со пад на БДП за 0,1 отсто.

Трошоците би настанале првенствено затоа што младите подоцна би започнале со развој на човечки капитал и создавање средства, објаснува ИФО.

„Пологична алтернатива на воената служба би била да се доделат повеќе средства за Бундесверот за да стане поатрактивен работодавач“, предлагаат тие.

Така, повисоките плати за воените обврзници, на пример, би го оптоварувале буџетот, но трошоците за економијата би биле двојно помали, и тоа според сите три сценарија, нагласува Пану Поутваара, шеф на Центарот за меѓународна споредба на институциите и миграцијата на ИФО.

Законите дозволуваат повторно воведување задолжителен воен рок во случај на војна, а министерот за одбрана Борис Писториус неодамна претстави нов модел на воена служба за пополнување на редовите на Бундесверот, што предвидува испраќање прашалник за регистрација на воен рок за да се утврди колку млади луѓе се заинтересирани за доброволна војска.

Писториус го нарече моделот „селективен воен рок“ што ќе и овозможи на армијата да ги повикува само „најподготвените, најпогодните и најмотивираните“ за обука, а истиот ќе трае шест месеци, со можност за продолжување за уште 17 месеци. Министерството проценува дека Бундесверот би можел да регрутира 5.000 млади луѓе од следната година меѓу 400.000 кандидати од одредена генерација, според агенцијата ДПА.

Next Post

Шолц: Секоја земја-членка на НАТО мора да даде се од себе за да ја поддржи Украина

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk