ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Албанија, Италија, Бугарија и Северна Македонија го потпишаа документот за воена мобилност долж Коридорот VIII; Албанската опозиција на протести; Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

July 11, 2024 12:09
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот министер  за одбрана Нико Пелеши за време на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша Писмото за намери за обезбедување на воена мобилност долж VIII паневропски коридор, со неговите колеги од Италија, Бугарија и Северна Македонија, пренесоа албанските медиуми.

Владата на Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

АБЦ Њуз: Албанија, Италија, Бугарија и Северна Македонија  го потпишаа документот за воена мобилност долж Коридорот VIII

Министерот за одбрана Нико Пелеши за време на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша Писмото за намери за обезбедување на воена мобилност долж VIII паневропски коридор, со неговите колеги од Италија, Бугарија и Северна Македонија.

Преку овој документ, државите се обврзуваат да ги преземат сите соодветни мерки за да обезбедат максимална флексибилност и воена мобилност на нивните територии како поддршка на спроведувањето на агендата на НАТО за одвраќање и одбрана во евроатлантската област, пренесе албанскиот медиум АБЦ Њуз.

Визион Плус: Денеска протест на опозицијата, демократите и граѓаните се собраа пред кабинетот на премиерот

Демократската партија денеска ќе одржи протест во 20:00 часот пред премиерскиот кабинет.

Протестот беше најавен пред неколку недели, кога Апелациониот суд му даде печат на ДП на поранешниот премиер Сали Бериша.

Мотото на протестот на демократите е „обединети во битка“ против сиромаштијата и скандалите во кои се вмешани некои владини функционери, пренесе Визион Плус.

Балкан Веб: „Реформата во правосудството функционира“, евроамбасадорот Гонзато: Да дозволиме  СПАК си ја врши работата

Амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Силвио Гонзато, беше на средба во Скадар организирана во рамките на програмата „ЕУ за општините“, на која беа анализирани достигнувањата во последните три години во општините каде што се спроведуваше.

Тој ја пофали реформата во правосудството, притоа нагласувајќи дека треба да му се дозволи на СПАК да ја врши работата, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Коха: Косово го прогласи  11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Владата на Косово во средата го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Вчерашната  седница на Владата почна со едноминутно молчење во почит на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Премиерот Албин Курти изјави дека прогласувањето на 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница е благородна и соодветна акција во име на Косово, пренесе Коха.

ВОА: Османи за односите на Косово со САД:  Разлики во пристапот, но не и во целта 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за Гласот на Америка, зборуваше за прашањето за Заедницата на општините со српско мнозинство, односите со меѓународните сојузници, конкретно со САД, како и за другите политички случувања во земјата.

Османи додаде дека Косово не бара да ги напушти обврските, туку да има, како што рече, „паралелно спроведување на договорот постигнат во Брисел, познат како Основен договор и Охридски анекс, каде има обврски за Косово, но и обврски. јасно за Србија, што во целост значат де факто признавање на Република Косово“.

Во однос на односите на Косово со Соединетите Американски Држави и официјалните покани кои во најголем број случаи и се упатуваат на неа, а не на премиерот Албин Курти, претседателот Османи изјави дека во Уставот на Република Косово институцијата претседател води странски политика.

„Значи, најнормално е што поканите за Вашингтон, за Њујорк, за самитот на „Европската политичка заедница“, каде што ќе патувам за неколку дена, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, на самитот за мир за Украина, каде што бев, да бидам за претседател бидејќи ова е имплементација на уставот на Република Косово. Така беше секогаш и со претходните претседатели, кои ја претставуваа Република Косово на меѓународен аспект“, изјави Османи за Гласот на Америка.

Османи меѓу другото додаде дека има разлики во пристапот, но не и во целта меѓу американските претставници и Владата на Косово.

КОЛУМНА

Коха: Враќање во нулта точка

„За државните работи е карактеристично што важните работи од јавен интерес добиваат сложени и бирократски имиња. Како институциите да даваат се од себе за граѓаните да не сфатат ништо за работите на државата.

Така, на пример, кога беа отстранети визите на Косово, не беше едноставно кажано дека „визите ќе се отстранат“, туку точниот и формален термин беше „дополнувањето-измената на Регулативата на ЕУ 2018/1086 ќе биде одобрена за земјите од трето, чии граѓани мора да имаат визи при преминување на надворешните граници и оние граѓани кои се ослободени од ова барање“… значи, тотално неразбирливо.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Враќање во нулта точка“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk