РИБАРО
Премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски од Самитот на НАТО во Вашингтон, му порача на народот да не се грижи и дека ниту еднаш не го кажал уставното име на Нашата држава, пренесува АХА.
„Инаку си дремам ГОРДО под натписот со уставното име. Но, не се грижете, драги мои, се држам јуначки – ни еднаш не го кажав името на Нашата земја. И има да истраам во тоа па што сака нека биде. Е сега, не кажав ни Македонија, ама ајде сега да не претеруваме, НАТО самит е ова.
Ваму не можам да се ќелепурам, како што правам пред вас, мислам јасно ви е тоа, ама и не се давам лесно. Добро, ми маваат заушки каде и да појдам, ме поткреваат на клоци кој стигне, за жив не ме есапат, освен она протоколарно што мора да ме појават, ама се држам некако“, вели премиерот на Нашата земја Мицкоски, пренесува АХА.
– Шефе, а нели е подобро да го кажете уставното име отколку Нашата земја? Барем така ќе кажете Македонија. Вака, малку лејмерски и несериозно ова со Нашата земја, му реплицирал советник од премиерскиот кабинет.
– Дај бе не мудрувај, нели гледаш дека не знам кој пат да го фатам, ти памет ми солиш, вратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK