Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Главчев, бугарскиов времен премиер како да е внук на Живков, и тој кутар старо а заблудено вели сме биле „повеќе од соседи“, не, не, нема леб со бугарските закоравени шовинисти, но тие не се проблемот туку овде и одовде нашиве исто така заблудени а неуки па или уште не разбираат или се прават тоа талкајќи се уште предизборно дека спасот од децениската, веќе вековна бугарска наци политика е токму во шансата наречена рамка, рамка француска ли, бугарска ли, европска ли неважно, важното и јасното е што таа е тоа меѓународно дипломатско парче шанса никогаш повеќе, никогаш како народ и нација, како Македонци, да не влетаме во бугарската билатерална стапица во која новиве властодршци упорно нè туркаат, не местат да се вратиме на полето на билатералата, демек ние самите со бугарскарта страна ќе сме преговарале, ќе сме ги промениле позициите од договорот, ќе сме ја подобреле рамката, е па еве сега по бугарската шлаканица од Вашингтон дека сме биле, нели „повеќе од соседи“, во превод нема Македонци туку сички сме Б`лгари и наместо со посрдство на ЕУ, на со уште 26 земји ЕУ членки сведоци на бугарските историски и идентитетски небулози, нашиве со нив ќе репреговарале па, кажано во оваа една реченица, еве, преговарајте, еве ви го и Главчев, еве ви го и Радев, еве ви го и нивното „повеќе од соседи“ па бујрум, преговарајте ама после немојте – Цацко.