ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис од Вашингтон: Мицкоски тактизира, за време на состанок во присуство на сите лидери на НАТО го користеше уставното име

July 12, 2024 08:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Кабинет од Мицотакис

Фото: Кабинет од Мицотакис

Share on FacebookShare on Twitter

Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот и ги повтори позициите на Владата дека е неопходно целосно почитување на Договорот од Преспа и клучна е употребата на уставното име и во внатрешноста на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека имал можност да ги информира неговите колеги за „фактот што премиерот на Северна Македонија избра да не применува клучен член од Договорот во однос на единственото име на соседната земја за севкупна употреба и да ја нарекува својата земја „Република Македонија“ во внатрешноста, нешто што очигледно јасно се забранува со Договорот“.

Паралелно, потенцираше дека за време на состанокот и во присуство на сите лидери на НАТО, Мицкоски „не ја следеше оваа тактика и го користеше уставното име на неговата земја“.

-Сметам дека на еден или на друг начин власта на соседната земја ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна. Договорите мора да се почитуваат. Тоа е нешто што го нагласив вчера на пленумот на НАТО и тоа е нешто што мислам дека го разбираат и сите наши сојузници. Ние сакаме Северна Македонија да направи чекори кон европски пристап. Но, за ова предуслов е почитувањето на меѓународното право и почитувањето на договорите што земјата ги има потпишано. Верувам дека на еден или на друг начин, ова е нешто што раководството на Скопје ќе го сфати, рече Мицотакис.

Премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот во Вашингтон, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не беше претходно најавено, а портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Tags: ГрцијаМицотакисПреспански договор
Next Post

Петровска: Во рок од 8 часа донесени 10 закони по скратена постапка скроени по мерка на бизнисменот во енергетиката Мицковски

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk