ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МВР: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

July 12, 2024 13:22
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.

Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали, соопшти МВР.

Во објавите, како што велат од МВР, се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.

-УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите. Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување. Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција, истакнуваат од МВР.

Моментално оваа кампања, како што се посочува во соопштението, е доста распространета на социјалните мрежи Facebook и Instagram ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на истата .

Од МВР велат дека постојат стотици лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути.

-Почетната објава има форма на имитирање на порталот Кајгана (официјален сајт https://kajgana.com/  ), на линк кој води до страница на страницата minishouts.com  .Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка ( Централната банка не издава изводи од банка на физички лица),  се наведува во соопштението.

Оваа страница, како што велат од МВР, има еден куп фотографии од познати личности во Република Северна Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате.

-Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) – што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари, стои во соопштението.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Next Post
Фото: МИА

Неготино со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk