ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Весиќ: Чекам средба со министерот Александар Никиловски за брзата пруга Ниш-Скопје

July 14, 2024 18:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Србија има изградено брза пруга од Белград до Нови Сад со брзина до 200 км на час. До крајот на годината готова ќе е брзата пруга до Суботица, а во 2028 година готова ќе биде и брзата пруга Белград-Ниш. Се работи и на делницата од Ниш до македонската граница, за што Белград ќе аплицира за средстав од ЕУ, и сакам час покоро за овој проект да остварам контакт со министерот Александар Николовски, изјави за Дневникот на МРТ српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ.

-Што се однесува до пругата Ниш-Скопје, ние во моментов работиме на пругата Белград- Ниш, долга 230 километри, а работиме и на делот од 23 километри од пругата Ниш-Брестовац кон Скопје. До крајот на годината го завршуваме и проектот кој е финансиран од ЕУ за делот од нашата пруга од Брестовац до Прешево. Согласно договорот што го потпишавме со Владата на Северна Македонија, го очекуваме тоа што го предложи, да го проектира и својот дел од Прешево до Скопје.

Тоа е една од двете делници на кои Србија сака да работи и кои ги номинира од овој нов План за раст на Западен Балкан. Го чекам вашиот нов министер, Николовски да се сретне со мене, можеби во Скопје, можеби во Белград, за да продолжиме со нашата заедничка работа на таа пруга, и за да продолжи да работи комисијата што почна да работа. Сакаме во од да ги средуваме деталите, како таа пруга навистина би била завршена до Скопје, затоа што имаме желба да ги поврземе Белград, Ниш со Скопје. А бидејќи пругата до Будимпешта ќе ја завршиме во 2026 година, тоа значи и врска од Скопје до Белград и до Будимпешта, и во иднина до Солун и Атина, изјави Весиќ

Според Весиќ, пругата би имала просечна брзина до 200 км на час, а годинава желба за поврзување на Белград и Скопје со Солун и Атина изразил и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

-Кога премиерот Мицотакис беше во Белград, имавме средба, а потоа не известија дека ја реконструираат пругата меѓу Солун и Атина и рекоа дека ќе проектираат, веројатно со средства од ЕУ, 75 километри од пругата од Солун до границата со Северна Македонија. Тоа значи дека ќе почнат со работа, и после тоа треба да се поврзе пругата од Скопје со пругата во Грција, кажа Весиќ.

Според Транспортната заедница, пругата Ниш-Скопје е најкратка врска меѓу Азија, Блискиот Исток и остатокот од Централна и другите делови на Европа.

-Ова е еден од проектите кој е приоритетен проект. И за Северна Македонија, и за Западен Балкан, и за Европската Унија. Но, она што е клучно е реформите и проектите да се случуваат паралелно. Тие се две страни на иста паричка. Проектите без реформи се бескорисни, не се одржливи. Реформите без проекти не даваат резултати. И затоа инвестициите во проекти, инвестициите во реформите се единствениот пат, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница во Белград

Во моментов неколку години не сообраќа ниту има најава за воспсотавување на железничка патничка врка меѓу Скопје и Белград, а со тоа и со Центарлна и Источна Европа.

Next Post

Пентагон: Атентаторот нема никаква врска со војската

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk