ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставен суд: Дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура

July 15, 2024 15:21
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, велат од Судот во врска со реакцијата на Здружението на судиите за отфрлената иницијатива за платите на судиите.

Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, како што се посочува во соопштението од Уставниот суд, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација.

– Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Судот по предметната иницијатива одлучи, но дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура кои се од исклучително значење за враќањето на угледот и на довербата на граѓаните во правосудниот систем и воопшто во институциите на системот, истакнуваат од Уставниот суд.

Здружението на судии денеска испрати реакција до медиумите за одлуката на Уставниот суд донесена во мај со која беа отфрлени иницијативите поднесени од Здружението на судиите и Судскиот совет за поништување на одредбите од Законот за плати на судии.

– Отфрлањето на иницијативата за поништување на одредбите од Законот за плати на судии, кој е донесен на 29 февруари 2024 година, а почнува да се применува ретроактивно од 1 февруари 2024 година, е скандалозно, неприфатливо и defacto го урива правниот систем на државата, се наведва во денешното соопштение од Здружението на судии.

Здружението на судии бара од Уставниот да постапува согласно неговите надлежности предвидени во највисокиот правен акт, а во спротивно, како што велат ќе поведат постапка пред Европскиот суд за човекови права, пред се заради заштита на законитоста и правата и слободите на граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови

НАЈНОВО

Скриншот

Документарецот за турнејата на Тејлор Свифт доаѓа на „Дизни плус“

October 14, 2025
Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk