Читатели на Фронтлајн ни испратија видео снимки од кои се забележува како неколку авиони за гаснење на пожари „Ер трактор“, полнат вода од Преспанско Езеро.
Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите, известија од Центарот за управување со кризи.
Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола.
Ј. Ѓ.