ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата не си ги почитува своите препораки, владини лопати се фрлаат и на 40 степени

July 17, 2024 09:41
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот Мицкоски, повеќе владини и локални функционери, во најтоплиот период од денот – од 12 до 14 часот, да фрлаат лопати и да ги изложуваат на 40 степени Целзиусови градежните работници, како и луѓето кои беа дојдени на овие настани во Охрид. Ваквите теренски активности се спротивни  на заложбите на Владата, која на 11 јули препорача да не се вршат градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост

Владата во соопштение за дневните активности на премиерот Христијан Мицкоски (15.07.2024), демонстрираше недоследност во однос на претходно искажаните препораки за ослободување од работа поради топлото време, на неколку категории граѓани, како и забрана за физичка активност на отворено, посочувајќи ги посебно градежниците.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на теренска посета на Општина Охрид каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.

Мицкоски во 12 часот ќе присуствува на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид, пришто ќе даде изјава за медиуми. Со ова после 30 години, во склоп на ОУ „Ванчо Николески“ започнува изградба на спортска сала со обем од 592 м2, а во себе ќе вклучува повеќенаменско спортско игралиште.

Во 12:40 часот, премиерот Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности при реконструкција на ул. „7 Ноември“, (влез Битола). Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.

Во 13:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта.

Премиерот Мицкоски во 13:20 часот ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид, се вели во соопштението од Владaта.

[Извор:time.mk, Нетпрес; датум:15.07.2024]

ОБРЗЛОЖЕНИЕ:

Ова соопштение на Владата за дневната агенда на премиерот Мицкоски, во кое информираат за неговата теренска посета на Општина Охрид, во рамките на која тој во најтоплиот период од денот – од 12 до 14 часот, ќе направи увид во градежните работи на некои започнати објекти, ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти, а исто така ќе пушти во употреба спортски објект, забележуваме недоследност.

Владата на седницата на 11 јули, поради високите температури кои ја зафатија нашата земја усвои повеќе препораки, мерки за превенција и заштита на населението. Во таа смисла се наведува дека:

Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 (петок) до 18.07.2024 година (четврток).

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Воедно, на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Наспроти ваквикте препораки на Владата, вчера (15.07.2024) оттаму информирааа дека премиерот Мицкоски во 12 часот ќе присуствува на камен-темелник за спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид, при што најавија дека ќе даде и изјава за медиумите. Според агендата во 12:40 часот, Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности при реконструкција на ул. „7 Ноември“, (влез Битола), во 13:00 часот премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта, а потоа во 13:20 часот тој ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид.

Министерот Николоки удира камен-темелник за изградба на спортска сала во Лескоец Фото: vlada.mk
Грдоначалникот Пецаков удира камен-темелник за изградба на спортска сала во Лескоец Фото: vlada.mk

Сите овие најавени активности, како што можe да се види од информациите во медиумите, како и од соопштението, фотографиите и видеото од настанот објавени на веб-страницата на Владата, беа реализирани. Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот и повеќе владини и локлани функционери да фрлаат лопати и да ги изложуваат на 40 степени Целзиусови градежните работници, како и луѓето кои беа дојдени на споменатите настани. Постапка којашто се коси со заложбите на Владата, која на 11 јули препорача да не се вршат градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лопатраМицкоскитопло
Next Post
Фото: МИА

Повредено едно лице во сообраќајка меѓу три возила кај „Мајчин дом“

НАЈНОВО

Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

September 9, 2025
Интервју со Кристина Костова

Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

September 9, 2025

„Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што кажа Орце, а што кажува EXIT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk