ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Интересни детали од церемонијата за доделување на Наградата за солидарност за новинари на Југоисточна Европа на Џабир Дерала во германскиот Бундестаг

July 18, 2024 14:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
На фотографијата: Мануел Сарацин, Јосип Јуратовиќ и Џабир Дерала на церемонијата за доделување на наградата, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

На фотографијата: Мануел Сарацин, Јосип Јуратовиќ и Џабир Дерала на церемонијата за доделување на наградата, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

Share on FacebookShare on Twitter

Германската Асоцијација за Југоисточна Европа на 4 јули му ја додели наградата за солидарност за новинари за 2024 година на Џабир Дерала, новинар, писател, аналитичар, и активист за човекови права. Тој е претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата.

„Како соосновач и прв човек на истакнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата синоним за иновативни и моќни иницијативи во областа на човековите права, демократијата и граѓанското учество“, рече Јосип Јуратовиќ заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа во говорот посветен на Дерала, за време на церемонијата за доделување на наградата на 4 јули во германскиот Бундестаг.

Јосип Јуратовиќ, пратеник во Бундестагот и потпретседател на Асоцијацијата одржа говор во чест на Џабир Дерала, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)
Пратеникот во Бундестагот и потпретседател на Асоцијацијата за Југоисточна Европа, одржа пофален говор за лауреатот на Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: Асоцијација за Југоисточна Европа). Јуратовиќ дополнително ја истакна и неизмерната борба на Дерала за демократијата, човековите права и слободи, родовата и етничка еднаквост, неговата борба против хибридните закани, неговиот придонес кон промовирање на вредностите кои се клучни за општествениот напредок.

„И покрај тоа што беше соочен со закани и говор на омраза од ултранационалистички и проруски групи, Дерала неуморно ја продолжува својата работа за промовирање на вредностите кои тој ги смета клучни за општествениот напредок. Неговата храброст, посветеност и безрезервна посветеност на човековите права и слобода го прават вистински херој на нашето време“, истакна Јуратовиќ.

На самиот почеток на церемонијата се обрати Мануел Сарацин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, во јавноста попознат како специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, кој ги претстави целите и причините зошто оваа награда за солидарност се доделува на новинарите од Југоисточна Европа.

„Се надеваме дека на нашето симболично вреднување на нивната работа ќе се гледа како придонес кон слободата на медиумите и слободата на говорот и, се разбира, ова е навистина голема чест што можеме да ја доделиме во самиот Германски парламент“, истакна Сарацин.

По воведните обраќања на Сарацин и Јуратовиќ, на церемонијата говореше и лауреатот Дерала.

„Дозволете ми да се обидам да објаснам што значи оваа награда за мене и за моите колеги. Тоа значи дека не сме сами. Дека борбата е тешка, но дека има признание. Тоа значи дека има солидарност. Поддршка. Надеж. Оваа награда претставува неочекувано, но мошне потребно признание за работата и неуморните напори кои јас и моите колешки и колеги ги вложуваме за да осигуриме дека фактите преовладуваат над лагите манипулациите и пропагандата“, изјави Џабир Дерала во своето обраќање во германскиот Бундестаг.

Тој додаде дека ја прима награда, но не само во свое, туку и во име на своите колешки и колеги кои секојдневно ги споделуваат истите предизвици со него и дека „не би бил овде денеска без нив“.

На церемонијата за доделување на наградата во германскиот Бундестаг, говор одржа и Џабир Дерала, 4 јули 2024 (фото извор: SOGDE.org)
„Ние го браниме правото да го искажеме нашето мислење и да ги откриваме вистинските стории за дискриминираните и угнетените, дури и по цена на нашата благосостојба и безбедност“, истакна Дерала.

Дерала во своето обраќање ја нагласи потребата од секојдневна борба за вистината наспроти лагите, манипулациите и пропагандите. Тој истакна дека нашата мисија е да ги зачуваме и негуваме демократијата и демократските вредности.

„Секој од нас е важен дел од огромната сложувалка на светот, која е засенета од мрачната закана од војна и диктатури. Ова не е само празна фраза; тоа е реалност докажана одново и одново“, потенцираше Дерала.

На веб страницата на Асоцијацијата за Југоисточна Европа има бројни содржини за оваа престижна награда, па така беше објавена и фотографија од свеченото врачување на наградата, придружена со кратка биографија на лауреатот Дерала.

Свечено доделување на Наградата за солидарност на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)
По свечените говори, на програмата беше и разговор со Дерала што го водеше Аделејд Фајлке, новинарка со високо меѓународно реноме, одговорна за сервисот на Дојче Веле на 10 јазици во проширениот европски регион меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното Море. По разговорот беше отворена и сесија за коментари и прашања од публиката на кои одговараше Дерала.

По завршување на официјалниот дел од церемонијата, следеа фото сесија и коктел во чест на Дерала на кој присуствуваа пратеници во германскиот парламент, новинари, уметници и претставници на новинарски и граѓански здруженија.

Од фотосесијата во Бундестагот, Џабир Дерала во друштво со своите домаќини, лидерите на Асоцијацијата, парламентарци и новинарката Аделејд Фајлке (фото извор: ЦИВИЛ)
Деновиве, се очекува објавување на повеќе детали од целиот настан, како и разговорот на Фајлке со Дерала.

Да потсетиме, Дерала е добитник и на Орденот за заслуги од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за неговиот огромен придонес во борбата против руската пропаганда и хибридни закани во 2023 година. Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со Орден за заслуги. Добитници на ова високо државно признание од Украина се и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

Што претставува Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа?

Наградата за солидарност им оддава почит на храбрите новинари, кои често се изложуваат на големи лични ризици поради нивното критичко известување. Таа има за цел да им оддаде почит на нивната извонредна работа и да го признае нивниот придонес во промовирањето на демократијата, владеењето на правото и слободата на печатот. Наградата, исто така, има за цел да придонесе за заштита на новинарите на терен преку вниманието на јавноста што го привлекува и да ги почитува големите достигнувања на добитниците на наградите.

Со наградата, Асоцијацијата Југоисточна Европа сака да покаже дека стои на страната на оние кои зборуваат за европските вредности како што се слободата на печатот и слободата на изразување. Наградата ќе биде доделена на специјално дизајниран настан и целосно се финансира преку донации.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа


Повеќе информации: 

Дерала, добитник на наградата за солидарност на новинари од Југоисточна Европа: Секој од нас е важен дел од огромната сложувалка на светот, која е засенета од мрачната закана од војна и диктатури

Јуратовиќ по повод доделување на наградата за солидарност: Храброста и безрезервната посветеност на Дерала во борбата за човековите права и слободи го прават вистински херој на нашето време

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дераланаграда

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk