ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Младичот“ или Жижек во МНР?!

July 23, 2024 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Нормално е дека ќе биде дочекана со потсмев реториката на владејачката партија ДПМНЕ, кога се обидува да објасни како тоа сè од надворешната политика на македонските леви-либерални и социјалдемократски партии – го прифаќа, а сепак, демек, не се согласува, мисли дека се понижувачки и штетни договорите со соседите или политичките позиции – но, еве, нема друго, туку да ги прифати  и спроведува? Таа реторика личи по малку на лажиче маслиново масло со кое ДПМНЕ се обидува да ја голтне ЖАБАТА на надворешната политика на Македонија, која од 1991 до сега е креација, во своите основи и столбови на центарот и левицата во Македонија, а таа е, мора да се признае –  „големка и еманципирана жаба“ за голтање.

Сепак, мислам, тоа е добра ориентација на ДПМНЕ, иако е иронична. Таа ориентација во основа е за поздравување!

Проблем кој не е наш е: како поддржувачите на ДПМНЕ ќе ја голтнат големата лага од предизборието кое беше темелено на две тези: анти-Албанска реторика во внатрешната политика (СДСМ им ја предала државата на Албанците, а сега Владата на ДПМНЕ има бајаги Албанци во извршната власт сосе 300 директорски места!?); и втората теза: како во надворешната политика (изолационистичката теза која вели дека сите договори ѝ се наметнати, и се понижувачки на Македонија, и сè ќе поништеле, а како што рековме погоре, сите ги прифатија!).

Но, мислам дека не треба да се грижиме, се покажало дека тврдите поддржувачи на ДПМНЕ покажале доблест во голтање и на поголеми глупости и лупинзи, само да се доберат на власт.

Во основа, секоја Влада на ДПМНЕ, а последнава посебно, ја прави истата крупна грешка на секое менаџирање – ја има во сите книги за грешките на менаџментот – а тоа е „ower-menagament“  или, понирање во микро-менаџирањето кое ја упропастува глобалната политика која треба да ја води власта. Tоа ДПМНЕ го прави, мора да се признае, од објективна причина: нема такви проекти и не сака да води; и дел поради скромноста и ограниченоста на политичката елита на ДПМНЕ исто така.

Имено, премиерот во „динамичните и интезивни средби“ со, во основа, рабно-контраверзни типови на политиките на голем број земји – она што може да каже за сработенето е: „… дека Македонските граѓани треба да бидат смирени и горди бидејќи достоинствено ги претставува?“

Каква им е таа изјава за отчетност и содржајност, бре!?

Или на пример министерката за образование со изјавите на гротескно и празно микроменаџирање: „учебници за петто и шесто ќе има во септември, а за осмо одделение, подоцна…“ Тоа не се изјави за повисоките ешалони на бирократијата, а камо ли за еден министер! Наместо да ги постави и коментира тајминзите за барем три огромни проекти во Образованието (наше јадно!), како што се на пример: скрининг на сите учебници и нивно подобрување во однос на културна инклузивност, недискриминацијата и глобалните културни содржини адаптирани на стандардите за демократска меморија, и критичка и рационална историчност; или проектот за ревизија на учебниците по историја од аспект на споделување историски содржини со нам блиските народи и култури (што претставува попатна обврска од меѓународните договори чии сме потписници); или отворање на наставните програмите за родови студии, сексуално воспитување и еманципаторски политики на либерална индивидуалност; или каква литература и лектири ќе читаат децата, како идеолошки ќе се подготвуваат и преминат од „Итар-пејовизам“ кон најмалку „Хари-потеризам“ и други еманципаторски либерални содржини и жизно-радосни содржини.

Уште позабавна е микро-менаџерската стратешко-тактичка ориентација која ја одбрал „младичот” (не од Достоевски, туку од МНР!), министерот на  МНР во презентација на овие политички приоритети на новата Влада во надворешната политика. Неговата тактика која ја сведочевме во неговото интервју деновиве е мултидсциплинарно-културолошка, нешто слична на онаа која ја употребува Славој Жижек во своите есеи: имено да разложи содржина и заднински, потсвесни кодови на некој филм и да ги доведе под светло на неговата филозовско-психоаналитичка теза која сака да ја промовира.

„Младичот“ од МНР, откако неговите служби доживеаја јавна бламажа со темата „Каде се парите од сукцесијата во Њујорк“, а  откако тамошната Мисија јавно ги објави сметките на уплата на тие пари во Буџетот, кои сметки МНР на време ги имало – „Младичот“ од МНР таа тактика ја менува и презентира нова со „разоткривање за тоа кој од амбасадорите платил НЕТФЛИКС со службена картичка…“, ветувајќи им на гласачите да бидат мирни, оти тој тоа ќе го среди и тие пари ќе ги врати во буџетот (НЕТФЛИКС е отприка 10 евра месечно!).

Јако дечки! Јак и неочекуван „сноп светлина“ фрлен на стратешките приоритети на ДПМНЕ низ филмовите на NETFLIX!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Колумбија забрани корида

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk