РИБАРО
Премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски, вчера беше во црквата Свети Петар и Павле во Лисиче, од каде заедно си свита министри, ги испратија коњаниците на пат кон Крушево.
„Да беа коњите бизнис класа Липицанери, ќе јавав со коњаниците од Лисиче до Крушево. Вака, со овие коњчиња од економска класа, не го бива. Ќе мора да ме разберат дека не смеам да ги изложувам колената на дополнителни напори и да си направам поголема беља“, кратко изјави Мицкоски за АХА.
Како што објавивме претходно – Руска и унгарска компанија се понудија да ги лечат колената на Мицкоски, откако премиерот во ТВ интервју се пожали дека поради болки во колената мора да лета во авион со ексклузивна бизнис класа и за тоа граѓаните да плаќа илјадници евра.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK