ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама објави реконструкција на клучни места во владиниот кабинет, нова претседателка на Парламентот ќе биде Спиропали

July 28, 2024 15:49
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Албанскиот премиер Еди Рама објави реконструкција на владиниот кабинет во четири клучни сектори, а кажа и кој ќе биде првиот парламентарец.

Од функцијата министер за внатрешни работи заминува Таулант Бала, а на негово место доаѓа Ервин Хоџа, генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата.

Бала ќе биде државен министер за односи со Парламентот, функција на која до сега беше Елиса Спиропали, која, пак, ќе биде нова претседателка на законодавниот дом, по повлекувањето пред два дена на Линдита Никола, поради здравствени причини.

Рама ја смени и потпретседателката на законодавниот дом, Ермонела Фелај, а на нејзино место доаѓа Бледи Чучи, кој беше координатор на пратеничката група  на Социјалистичката партија.

Координатор на пратеничката група ќе биде Нико Пелеши, актуелен министер за одбрана. По новата задача што ќе  ја преземе Пелеши, неговото место во Министерството за одбрана ќе го заземе Пиро Венгу, директор на пристаништето Драч.

Исто така, министер за финансии повеќе нема да биде Ервин Мете, туку Петрит Малај, извршен директор на Националната агенција за природни извори.

Предлогот со имињата на новите министри Рама ќе го достави до шефот на државата Бајрам Бегај, со кого утрово имал средба.

Тој  треба да потпише уредба по што ќе бидат ставени на гласање  во Парламентот, а имајќи го предвид бројот на пратеници на владејачкото мнозинство, тоа ќе биде само формално.

Tags: АлбанијаРама
Next Post
Фото: Скриншот

СДСМ: Јанушев е очаен, покажува слики од кампањата во 2016 година, тврди се печателе во 2021-ва

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk