– На сите фанатици и хомофоби кои ги изеде „внимателноста“ и интелектуалната мрзеливост и кои го предвидуваат уништувањето на Париз како нова Содома и Гомора, пишува во коментар на популарната Фејсбук група, Classical Art Memes Unmoderated!
„Референцата на церемонијата на отворањето не е „Последната вечера“ од Да Винчи, туку „Празникот на боговите“ (1635) на Јан Харменс ван Бијлерт – олимписките богови ја слават свадбата на Тетис и Пелеј, со Аполон крунисан во центарот на масата (не Исус Христос) и Дионис во преден план.
Дали навистина треба да го истакнам и историски проверливиот факт дека грчката митологија му претходи на христијанството, и дека целата церемонија на отворањето беше за „Олимпијадата“?)
Затоа, дами и господа и сите меѓу нив, земете длабок здив, потоа опуштете го перинеумот и отворете малку уметничка книга од време на време (Библијата не се брои), бидејќи како што вели мама РуПол: „Читањето е фундаментално !“, пишува во коментарот.
Коментарот следува по бројните реакции на чинот на отворањето на Олимписките игри во Париз, каде дел од сценски настап беше коментиран дека е богохулење и навреда на Христијанството.
Ј. Ѓ.