Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 во сетови и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.
Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1.
Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.
Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.