ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Духот на сознанието против недухот и неживотот

July 31, 2024 10:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

“Ние сознаваме…ние навистина сознаваме! Мораме повторно да станеме свесни за тоа и да го почувствуваме тоа. А духот кој го носи и развива тоа сознание, мора да биде одбранет од недухот и неживотот.”

Овој крик на Макс Бензе од 1935 година е од студијата “Востание на духот-Одбрана на сознанието”.

Тоа е аксиом на интелектуалната етика.

Изгледите на тој аксиом во Северна Македонија се мали.

Тоа сите го знаеме.

Крикот на Бензе во Нордот во овој момент делува како крик на жеден во пустина.

Но, тоа ја потенцира неговата важност и, всушност, безалтернативност. Во контрасмисла ја нагласува потребата да излеземе од баналноста на појавноста и од шемите кои низ манипулации го претвораат човекот во будала.

Во нижо битие.

Целакоска го носи тој бензеовски дух односно неопходноста, па дури би рекол- страста, да сознаваме, да се осознаваме и тој дух да го користиме како ножици со кои ќе ја исечеме мрежата во која сме фатени како сардини, значи, инструмент кој ќе ни го врати океанот на слободата односно слободата во светот и во нас самите.

Тоа е Целакоска.

Таа ја рехабилитира загубената свест на Македонија и за Македонија, свеста за нормалноста и модерноста.

И тоа, нормално, ја хендикепира во очите на оние чија мисија е глупоста да ја ископуваат како литиум за Македонецот.

Не случајно кучињата на злото ја имаат намирисано и маркирано како опасна за нивниот лов на душите на простата маса и за упростување на масата која не е или не е доволно проста.

И оркестрирано, на знак од врвот на злото, да ги истураат врз професорката подготвените кибли смрдеа.

Друго немаат.

И не знаат.

Не е важно дали злото има илјадници ботови и идиоти, макар што јас мислам дека сите се ботови и идиоти, или неколкумина пуштаат илјадници пцовки, закани, вулгарности, важна е идејата да се избербати оазата на духот односно продуховеноста, да не би да се шири, како многу поопасна работа од пожарите што ги замочуваат Стојан Че и неговите нови работодавачи.

Таканаречената одбрана на националните и државните интереси заедно со дисфункционалната ерекција на гордоста на македонскиот човек, се амбиенти во кои Македонецот не само што се обезмакедончува туку се и обесчовечува.

Паѓа на скалата на еволуцијата!

Тоа зло не може да се спречи во своите намери со ништо друго освен со обид да се вратиме на темелниот принцип на интелектуалната етика, значи на сознанието и духот што сознанието го шири. И да го одбраниме тој дух секаде кај што е нападнат. Од кого и да е. Говњарите што ја нападнаа Целакоска, а пред неа Дерала ( јас сум тука стар муштерија) се важни само како ориентир за намерите на власта. Нивните реакции и коментари се исплакнати од секакви автохтони емоции, уште повеќе од интерес и знаење да се полемизира, не, тие се тука дел од материјална сила на злото облечено во униформите на власта.

Нивниот страшен дефицит во памет, во знаење, во култура и имагинација да создаваат нови вредности, ќе ги онемоштува колку и да ја јакнат силата како таква, злото се јаде себе си, тоа е познато, така што јас ја поздравувам професорката Целакоска, знам дека тие напади нема да ја исплашат. Истовремено, сакам да ги охрабрам сите кои се сомневаат во шансите на постулатите на Бензе кои се и постулати на Целакоска во денешна Северна Македонија. Јас мислам дека тие шанси ќе растат пропорционално на растот на последиците од глупоста на злото. И дека на крајот ќе победат. Никаква тајна вечера нема да ги спаси оние кои Македонија сакаат да ја претворат во национален, културен, економски, интелектуален и морален шут.

И предмет за заебавање.

На сиот свет.


Текстот е личен став на Авторот

Поврзано: 

Говор на омраза, закани, навреди и омаловажувања по коментарот од проф. Целакоска

Tags: ТричковскиЦелакоска
Next Post
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Зошто потенцирам два успеха на наши млади спортисти?

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk