ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Под слоганот „Борбата трае“ се одбележува Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2024 08:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката ќе се одржи во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде ќе има обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчињски“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ. Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, ќе положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. На истите локации цвеќе ќе положи и партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Венко Филипче.

Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје ќе положат и собраниски делегации и делегации од Кабинетот на претседателот.

Чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република со низа свечености почна вчера во Крушево кога делегации ја посетија Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, а попладнето во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ беа пречекани коњаниците од цела Македонија. Воедно беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ со читање на Крушевскиот манифест и  подигање на бајракот на Крушевската Република.

Tags: Илинден
Next Post

До Крушево за Илинден, да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk