ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Боксерки клуб Скопје за инцидентот на Олимпијадата: Само затоа што некој не се вклопува во класичните рамки на женската убавина, не значи дека не е жена

August 3, 2024 11:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ, ФЕМИНА
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

– Само затоа што некој не се вклопува во класичните рамки на женската убавина, не значи дека не е жена. Боксерката од Алжир е родена како жена, не е транс-жена или маж (читај внимателно). Таа има повисоко ниво на тестостерон, што ѝ дава природна предност во спортот, слично на големото стопало на Јан Торп во пливање или предноста на Кенијците во трчање“, реагира во објава на Фејсбук Боксерскиот клуб Скопје, за инцидентот на Олимпијадата по мечот помеѓу Карини и Келиф.

„Жените поминаа долга и тешка борба за да излезат од времето кога спортистките (жените) мораа да примаат терапија за намалување на нивото на тестостерон, што беше дискриминација и тортура. Сега жените се слободни од тие окови. На оваа Олимпијада нема транс-жени. Италијанската спортистка се повлече затоа што не беше доволно добра, а не затоа што се натпреваруваше со маж. Алжирката во нејзината кариера има доживувано и порази, и тоа со нокаути. Алжирската боксерка беше присутна и на Олимписките Игри во Токио, но тогаш немаше лажни вести иницирани од Светската Федерација за Бокс. Сега ги има, бидејќи Федерацијата е исклучена од ИОК поради финансиска нетранспарентност! За сите жени (а и мажи) во спортот, читајте повеќе и информирајте се. Оваа пропаганда е на наша штета“, се наведува во објавата.

Бурата од реакции доаѓа откако Италијанката, Ангела Карини, престана да се бори по само 46 секунди во бокс мечот на Олимпијадата во Париз против Имане Келиф од Алжир.

Карини ја напушти борбата одбивајќи да продолжи откако доби тежок удар од противничката од Алжир, која беше дисквалификувана од минатогодишното светско првенство поради прашања за нејзината подобност да се натпреварува во женски спорт. Италијанската боксерка застана за момент, а потоа го сврте грбот кон Келиф и отиде до нејзиниот агол. Нејзините тренери брзо дадоа знак дека Карини нема да продолжи, а судијата ја прекина борбата.

Италијанската боксерка Анџела Карини, вчера објави дека би сакала да ѝ се извини на противничката Имане Келиф од Алжир, јавува Индипендент.

По реакциите што ги доби Келиф за нејзиното вклучување на Олимписките игри во Париз, Италијанката Карини сега и се извини на 25-годишната девојка од Алжир и додаде дека ја „почитува“ одлуката на Меѓународниот Олимписки Комитет да ѝ дозволи на Келиф да се бори.

„Сета оваа контроверзност ме прави тажна., Жал ми е и за мојата противничка. Ако МОК рече дека може да се бори, јас ја почитувам таа одлука“, изјави таа за италијанскиот весник Газета дело спорт.

Разговарајќи за нејзината одлука да не се ракува со Келиф, Карини откри дека сака да се извини за своето однесување, и рече: „Тоа не беше нешто што имав намера да го направам. Всушност, сакам да ѝ се извинам на неа и на сите останати. Бев лут затоа што мојата Олимпијада заврши“.

Таа додаде дека ако повторно ја сретне Келиф, ќе ја „прегрне“.

Олимпискиот комитет издаде соопштение во кое ја потврди подобноста на Келиф да се натпреварува на натпреварот бидејќи е признаена како спортистка, додавајќи дека „секоја личност има право да вежба спорт без дискриминација“.

„Сите спортисти кои учествуваат на боксерскиот турнир на Олимписките игри Париз 2024 ги почитуваат прописите за подобност и влез во натпреварувањето, како и сите важечки медицински прописи поставени од Боксерската единица Париз 2024 година“, се вели во соопштението.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Италијанската боксерка „сака да ѝ се извини“ на Имане Келиф по родовата контроверзност што ја предизвика откако го напушти мечот на Олимпијадата

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ангела КариниБоксерскиот клуб СкопјеИмане Келиф

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk