Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Најголема надеж полагам во иселувањето.
Надеж за тие што ќе се иселат, но и за нас што ќе останеме да се одмориме од борбата која ни ги уништи животите…
Да умреме во прекрасната тишина на предаденоста.
Секоја трудна Македонка треба да резервира авионски билет за лет до Австралија, Нов Зеланд, Канада или Колумбија (Санта Марта) неколку денови пред да се породи за да може бебето да го избегне ризикот да се породи во Нордот ако во земјата има повеќе од тројца живи вморони.
Тоа мора да биде прва грижа на секоја одговорна мајка во блиска најава.