ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Празнични белешки и пропуштени лекции: Медиумите под опсада, од Хитлер до денес

August 5, 2024 09:53
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Долгиот илинденски празничен викенд беше одлична прилика да се видат режисерските верзии на „Бунтовната месечина“ на Нетфликс што пригодно востанички беа прикажани токму на македонскиот Илинден, 2 август.

Скопската верзија на викендот беше долга и не премногу топла. Настани имаше малку, освен редовната неинвентивна и здодевна „државно-црковна“ и коњичко-медиумска патетика. Но претежно беше тивко. Дури и пожарите некако стивнаа (или барем известувањето за нив) така што имаше повеќе од доволно медиумски простор да се проследат славеничките походи на Крушево и Прохор Пчински. За сѐ да се задржи во духот на вообичаената пригодно-патриотска селска идила, придонесе и тоа што косовската претседателка беше инволвирана во турканица со обезбедувањето на аеродромот во Скопје, што прерасна во дипломатска кавга.

Така, понесен од востаничкиот сенароден занес, ги изгледав верзиите на Rebel Moon со вкупно времетраење од речиси 6 и пол часа. Потоа, прелистувајќи го менито на Дизни плус, решив уште еднаш да го гледам германскиот документарен филм „Хитлеровата битка против печатот“ (Hitler’s Battle Against The Press / Schlagzielen gegen Hitler, National Geographic, 2018).

Ако сте пропуштиле да се воздигнете во патриотски дух и да видите како други политички лидери се истакнале во својата патриотска битка против предавничките медиуми, го препорачувам токму тој документарец.

Во филмот се опишува како членовите на редакцијата на „Минхенски пост“ (Münchener Post) во 20-те години на минатиот век го ризикувале животот за да опстане новинарството и демократскиот дух во јавноста. Вистински предавници, нели? Постојано и гласно укажувале на опасноста од нацистите, долго пред, а уште пожестоко по нивниот подем и доаѓање на власт. Нивната редакција своевремено била и прибежиште за прогонуваните од режимот. Но нацистите се погрижиле новинарите и уредниците на овој храбар весник да дознаат дека владеењето на правото е суспендирано, со притисоци и закани, а потоа и со репресалии и конечно уништување на весникот. По поразот на нацистите во 1945 година, еден од уредниците на „Минхенски пост“, Едмунд Голдшаг, е коосновач на „Зиддојче Цајтунг“. Некои од новинарите и уредниците не успеваат да го преживеат нацизмот. Дел од тие што избегале од прогонот и концлогорите, никогаш не се вратиле во Германија.

Несомнено, Хитлер бил посебно иритиран и не се воздржувал постојано и јавно да го прозива и да му се заканува на весникот, а секако и да го тужи уредникот на „Минхенски пост“, Мартин Грубер. Очекувано, судот пресудува во корист на Хитлер. Освен што Хитлер и неговата пропаганда водат континуирана кампања да го дискредитираат весникот во јавноста и го малтретираат уредникот со тужби, партиските милитанти на НСДАП (нацистичката партија) не ја штедат редакцијата ни од насилни физички напади.

Во ноќните часови, во деновите на обидот за пуч во 2017 година – пардон, во 1923 година – нацистите ја вандализираат редакцијата, ја уништуваат архивата и крадат сѐ што е потребно за нормално одвивање на работата на весникот. Нападите продолжуваат и понатаму, како што и весникот продолжува да се бори против нацистичката наезда до последниот миг.

И да не раскажувам понатаму, мислам дека сѐ е јасно. Само препорачувам – овој документарец може да се гледа и постпразнично, бидејќи борбата, нели, не продолжува, туку – трае.

Веќе знаете, минатото е лекција за обликување на сегашноста и иднината. Ако не се пропушти, се разбира. За жал, човештвото се покажува како лош ученик кој редовно ги пропушта најважните лекции. Балканските народи се посебно лоши ученици.

Но, ниту минатото, ниту сегашноста не може да се избришат или прекројат. Дури и иднината веќе не е неизвесна. Слепилото на масите не може да го избрише овој факт.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА
CIVIL TODAY | Holiday Reflections and Unlearned Lessons: Media Under Siege, From Hitler to Today
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Шефе, го утна празникот со говорот на Мечкин камен!

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk