ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Злобно и неетички е да се злоупотребува името на нашиот прерано починат колега Саше Димовски

August 8, 2024 14:02
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија со чувство на горчина ги отфрла малициозните обвинувања од дел од колегите од фелата, кои искористија еден трагичен настан за да се обидат да прикажат лажна слика за функционирањето на нашата организација и да претстават непринципиелен однос на Здружението кон нашиот драг, прерано заминат колега и личен пријател Саше Димовски, реагираат од ЗНМ.

Соопштението го пренесуваме во целост

„Димовски беше клучен дел од ЗНМ, почитуван меѓу колегите и вработените во ЗНМ. Тој имаше суштинска улога во изминативе две години во кревањето на важноста на Советот на честа на ЗНМ, каде како претседател заедно со останатите членови, успеаја за кусо време да етаблираат ефикасен систем на носење одлуки. На тој начин придонесоа за промовирање на професионалните стандарди кои ќе служат како репер за натамошното функционирање на Советот, но и на принципот на медиумската саморегулација. Поттикнати од неколкуте објави, пред сè на социјалните мрежи, со цел да нема погрешни толкувања но и поради чувството на одговорност, би сакале да го појасниме следното. Претседателот на Советот на честа Димовски, беше во постојан контакт со извршната канцеларија и редовно беа одржувани средби за консултации во просториите на ЗНМ во изминатите години, за кое време функционира ова тело во овој состав. Со Димовски но и со останатите колеги од Советот, имавме исклучителна плодна и искрена соработка, дискусии за иднината на професионализмот во новинарството и кревањето на етичките стандарди, преку идни процеси за креирање и на нов кодекс на новинарите, процес кој е тековен.

Дополнително свој професионален придонес, како еден од уредниците, Димовски даде и во промоција на новоформираната платформа на ЗНМ за промовирање на професионални новинарски содржини од локален јавен интерес и борба против дезинформации: Јасно.мк

Саше Димовски како новинар со одлични познавања во сферата што ја покриваше, правосудството, остави белег во македонското новинарство. Со задоволство, ја примивме веста дека неговиот професионален ангажман е препознаен не само во ЗНМ туку и од страна на Претседателот на РС Македонија. Тој пред кус период беше именуван како член во Комисијата за помилување на Претседателот на Македонија, со што се докажа дека дел од новинарите се препознаени и во државните работни тела каде можат да дадат свој придонес.

Со тага ја примивме веста дека Димовски не е веќе меѓу нас. Изгубивме драг колега и посветен соработник со кој како професионалец, колега и пријател заедно, сплотени, минувавме низ многу среќни, но и низ многу тешки моменти поврзани со неговата влошена здравствена состојба. Во тие мигови се препознаваат вистинските пријатели и добрата намера.

И покрај добриот професионален и личен однос кој го негувавме, изненадени сме од обидот на дел од колегите, личната трагедија да ја претворат во перцепција за непринципиелност на ЗНМ. Сурово е да го користиме името на нашиот починат колега за ширење на дезинформации и шпекулации, како и на субјективни толкувања.

Демантираме дека Димовски бил исклучен од членството на ЗНМ како што беше  претставено во еден медиум.

Појаснуваме дека, согласно Правилникот за членство и статутот на ЗНМ во делот на надлежности на Управниот одбор, како и по добиено правно мислење од страна на независна адвокатска канцеларија, но и по реакции на членови на ЗНМ, минатата недела, беше констатирано дека членството на Димовски во ЗНМ продолжува како придружен член. Статутот налага дека новинар именуван во државен орган не може истовремено да има активна улога во органите на ЗНМ и дека доколку има таква состојба, ќе се констатира престанок во органите на ЗНМ, во случајов во Советот на честа. Оваа пракса постои со години. Имало вакви бројни случаи и во минатото со други колеги кои биле именувани или избрани во државни органи или тела без разлика дали станува збор за централна или локална власт, Собранието на РСМ, вклучувајќи ја и оваа Комисија во рамки на Претседателот на РСМ.

Со овој пристап, секогаш кога до ЗНМ имало реакција или самиот член укажал за потенцијален конфликт на интерес, ЗНМ покажувало конзистентност но и принципиелност во своите политики, што е важно за одржување на довербата и интегритетот на новинарските организации и нашите членови.

Намерата на ЗНМ и на самиот Димовски, за што повеќе пати дискутиравме, беше тој да продолжи да дава свој придонес во дел од активностите на ЗНМ, вклучувајќи го и креирањето на новиот Кодекс на новинари, како и на платформите каде можеше да им помогне на помладите колеги во нивното натамошно усовршување и во овие намери не менуваше дали тој делува како придружен член или редовен во рамки на ЗНМ. Останува чувството на празнина дека тој можеше да пружи уште многу за македонското новинарство, но и за ЗНМ.

Упатуваме апел, колегите да се воздржат од неосновани шпекулации и обвинувања, во овие тешки моменти, пред сè за семејството на Димовски. Да се збогуваме со колегата и пријател Саше достоинствено, така како што тој се бореше низ сите професионални и животни битки“.

Tags: ЗНМСаше Димовски
Next Post

МВР постапува по барање од австриските власти за проверка на 19-годишникот осомничен за планиран терористички напад во Виена

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk