ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител

August 12, 2024 12:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Државно правобранителство на РСМ

Фото: Државно правобранителство на РСМ

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Од Владата барам да ја прифати мојата оставка на наредната владина седница и согласно Законот за дражавно правобранителство најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата, да биде именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бил именуван пред стапување на функцијата.

Речи со одлука на Владата, од 18.04.2023 година беше именуван за државен правобранител. Претходно ја врши функцијата државен правобранител за подрачјето на Охрид, каде е именуван со одлука на Влада од ноември 2020 година.

–  Оваа оставка ја поднесувам од лични причини, од кои најдоминантно влијание врз ваквото мое одлучување имаше околноста што сум фамилијарна личност, со оформено семејство кое не живее во градот каде што ја обавував функцијата. Одвоениот живот од семејството го инсинуира овој формален чин на напуштање на функцијата од моја страна. При потполно чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого поднесувам неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител на РСМ, поради лични причини, се вели во оставката на Речи.

Од денот на моето именување, се до овој момент, Речи нагласува дека достоинствено се соочил со сите предизвици кои се појавиле во поглед на правната заштита на имотните права и интереси на државата, преку редовно преземање на соодветни мерки и правни средства, вршејќи ги своите надлежности.

–  Државното правобранителство, вклучувајќи ме мене како носител на шефовската функција, чесно и доблесно ги извршуваше своите законски овластувања и обврски во поглед на застапување на државните и јавните органи во РСМ, без во ниту една ситуација да наоѓа алтернативи и механизми за избегнување на одговорностите, стои во оставката до Владата.

Како државен правобранител согласно своите законски ингеренции, Речи посочува дека до Владата поднел предлог за разрешување на двајца правобранители, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, кој бил прифатен како основан и тие се разрешени, но и нагласува дека за уште едно такво барање, за државен правобранител од подрачјето на Скопје, се уште нема одлука, иако како што појаснува предлогот е доставен до поранешниот владин состав од чија страна не е постапено, меѓутоа ниту новиот состав на Владата се уште на одлучено. За дејствијата на кои се однесува предлогот, нагласува Речи, се води истражна постапка пред Основното јавно обвинителство.

– Не постапувањето на Владата фрла сомнеж врз околноста дали власта ќе се бори против криминалните дејствија, кои беа особено нагласуваан и истакнувани како приоритетен проблем во македонското правосудство од страна на актуелниот премиер или пак таквата флоскула беше употребена само заради набивање на политички поени во предизборна кампања, вели Речи во оставката.

Tags: Агрон Речидржавен правобранител
Next Post

(ВИДЕО) Уметничка акција на ЦСУ: „Кукла Робот кој предупредува на лажни вести“

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk