ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Уметничка акција на ЦСУ: „Кукла Робот кој предупредува на лажни вести“

August 12, 2024 12:55
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уметничката акција на Центарот за современи уметности „Кукла Робот кој предупредува на лажни вести“ претставува просторна интерактивна уметничка акција и интервенција преку која ја третираме и потенцираме важноста на  темата на лажните вести кои нѐ опкружуваат и влијаат на нашите ставови и перцепции. За жал лажните вести се присутни насекаде околу нас и често оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги спакувани во лажни вести на кои наседнуват голем број граѓани, информираат од Центарот за современи уметности (ЦСУ).

Оттаму велат дека, преку оваа интерактивна акција во која публиката директно се предупредува за постоењето и намерата на лажните вести, а куклата робот го објаснува начинот на кој тие се презентираат и влијаат на јавноста Центарот за современи уметности директно користејќи ја уметноста и уметничкиот израз активно се  вклучува во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги граѓаните кон погрешни заклучоци.

„Самото ументичко дело односно куклата во своето обраќање до публиката потенцира дека лажните вести се креираат со цел да ја дезинформираат јавноста и да ги наведат луѓето на погрешни заклучоци кои влијаат на однесувањето на јавноста, водат кон поларизација на општеството со цел да се предизвикаат поделби и конфликти, ширење паника и намалување на довербата во медиумите. Куклата робот исто ги предупредува граѓаните и дека лажните вести се користат и за политичка манипулација и влијание врз јавното мислење.

Самата интерактивна  инсталација која е развиена во соработка со младиот уметник Озбек Ајваз  се состои од кукла кој има вградени интерактивни сензори и звучници преку кои куклата ни ја раскажува приказната како да се заштитиме од лажните вести и како да ги раздвоиме лажните и вистинските вести и информации. Акцијата односно интерактивната скулптуралната инсталација е изработена во различен материјал и е со димензии 40 х 90 х 180 см.

Делото е поставено во јавен простор во центарот на градот на влезот на ГТЦ од страната на плоштадот, а во наредниот период ќе биде поставено и на други фреквентни локации каде минувачите ќе имаат можност за кратка интеракција со делото“, истакнуваат од Центарот за современи уметности.

Оваа акција подготвена од страна на Центарот за современи уметности се реализира во рамките на проектот „Со уметност против лажни вести“, а е поддржана од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

 

Tags: кукла роботлажни вестиЦСУ
Next Post

ОЈО Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk