ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Револт на тетовци кон Општината, место паркинг добија депонија

August 14, 2024 11:46
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На депонија наликува просторот помеѓу четирите згради на самиот плоштад во Тетово попознати како „Чешел“, а станарите велат дека така станало поради неисполнетото ветување на општинските служби дека тука наместо нивните лимени гаражи ќе се уреди местото како поголемо паркиралиште. Тие добиле решенија да ги отстранат нивните лимени гаражи, што го направиле, но велат, тоа било попусто. По рокот за отстранување, не се уредил просторот за резидентен паркинг, па празните места се користат од несовесни минувачи да оставаат смет.

-Ни дадоа решенија да ги отстраниме гаражите со рок. Од тој рок има поминато повеќе недели, нив никаде ги нема и наместо зонски паркинг стана депонија. Ние од општината ништо не добивме, а побараа да се отстранат гаражите со рок од седум дена. Ние го испочитувавме тоа. И сега доаѓа со возило, го паркира, фрла две – три вреќи ѓубре и заминува. Што сака нека направи само да се среди ова. Да, ни треба паркинг, зошто има доста возила, а доаѓаат возила од страна. Нека се стави рампа или сами да ставиме, да се реши еднаш засекогаш проблемот, изјави Горан Николоски, станар во зградата број 4 во „Чешел“.

Јонуз Даути од зградата број 3 вели дека тие го имаат приватизирано дворното место, но сега поради ситуацијата купиштата смет ги има и во нивниот простор.

-Ние од вториот влез од број 7, имаме купено 16 сопственици 1400/1500 квадратни наше земјиште, не може да прави паркинг. Ние бараме да се расчисти ова ѓубре, луѓето ги натера на сила да ги рушат гаражите и го остави ова ѓубре. Да се расчисти и да ни дозволи да поставиме ние рампа да нема диви паркирачи овде, да си влегуваме и да излегуваме. Нека дојде да си го расчисти ѓубрево како што ветуваше во предизборна кампања. Идат изборите нека му ја мисли, дали ќе добие овде глас. Треба да се реши овој проблем. Не може да прави паркинг на туѓо земјиште. Нека им дозволи на луѓето да си го купат земјиштето, останиот дел да си ставиме рампа, изјави Јонуз Даути.

На собирот на станарите со новинарите, Никола Глигуриески потсети дека во „Чешел“ постојано е проблематично паркирањето затоа што се во центарот на Тетово. Секој сака тука да дојде и да најде бесплатен паркинг. И тој смета дека треба да се уреди просторот како паркиралиште со цел да се воведе поголем ред.

-Имаше пожар во оваа зграда, ни пожарна не може да помине од паркирани возила. Се паркирани се од страна, од овде нема никој паркирано. Цел трговски комплекс што имаат дуќани 90 отсто им се овде паркирани возилата. Од нашите зградите 10-15 отсто автомобили што го имаме ние. Нема кај да се паркираш, нека биде со плаќање ќе платиме, зонско како што го викаа, нека се обележи тоа, плаќање годишно и заврши емисијата, тоа е најлесна работа. Овде рушија гаражи и стана депонија цела, рече Глигуриески.

Во текот на јули граѓаните, сопственици на гаражи со уредна документација поставени зад зградите на булеварот „Благоја Тоска“ одржаа исто така собир, по што со адвокати се спротиставија на барањата на општината да ги тргнат гаражите образложувајќи дека имаат соодветни одобренија.

На 12 август по електронска пошта до Општина Тетово доставивме прашање за тоа како и кога ќе се надмине ситуацијата во центарот на градот, односно згради во „Чешел“, но до денес не доставија одговор.

Tags: депонијаТетово
Next Post
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

Мицкоски и Арсовска си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за катастрофалната состојба на Скопје

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk