ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Со грант од ЕУ ќе се формира Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet

August 15, 2024 12:30
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Грант договорот со Европската Унија за основање на првиот Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet, потпиша денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во ЕУ инфо House, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и партнерите на проектот.

Министерот Андоновски истакна дека со отпочнувањето на проектот се одбележува нашиот решителен чекор кон создавање побезбеден дигитален простор за сите граѓани на државата, а особено за најмладите.

-Во ерата на рапидна дигитализација, безбедноста на интернет не е луксуз, туку неопходност. Овој проект не е изолиран чекор, туку е дел од пошироката стратегија на Владата за дигитална трансформација на Македонија. Заедно со сеопфатните политички и стратешки документи и регулатива, центарот е камен во мозаикот на нашите заложби за реформи во процесот на вистинска дигитализација,  евроинтеграции и претставува конкретен пример за тоа како соработката со ЕУ носи директни придобивки за нашите граѓани, додаде министерот Андоновски.

MkSafeNet ќе се реализира во текот на наредните 18 месеци и ќе вклучува студија со акциски план за конкретни обврски на секој од засегнатите чинители, формирање на Центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет, телефон за помош (Helpline), Младински панел и Советодавен одбор. Проектот е целосно усогласен со EU Digital Services Act и стратегијата Better Internet for Kids (BIK+), што дополнително ја приближува земјата кон европските стандарди во дигиталната сфера.

-Визијата на Владата е да создадеме дигитално општество каде што секој граѓанин, без разлика на возраста, потеклото или способностите, ќе може безбедно и ефективно да ги користи придобивките на современите технологии. Тоа е инвестиција во нашата дигитална иднина, клучно за нашиот економски развој и за создавање на квалификувана работна сила за дигиталната ера, рече Андоновски говорејќи за значењето на проектот MkSafeNet.

Дел од средствата за проектот во висина од од 673,354 евра се обезбедени од Програмата Дигитална Европа, која предвидува вкупни  7,5 милијарди евра на ниво на целата Европска унија, а останатиот дел го кофинансира Владата во износ од 10,788,800 денари за 2025 и 2026 година.

На новинарско прашање колку во проектот ќе биде опфатена и борбата со дезинформациите со оглед дека интернетот е едно од местата каде тие се пласираат, министерот Андоновски истакна дека тоа ќе биде една од активностите на проектот, и оти со студијата на изводливост која е првиот елемент од проектот точно ќе се знаат активностите и чинителите кои ќе бидат задолжени и за оваа значајна тема.

-Повеќе елемнти има проектот, еден од нив е линија за поддршка на која што младите ќе можат да комуницираат при евентуално потенцијална недолична содржина на интернет или некој случај на сајбер малтретирање. Истовремено, тој центар за поддршка ќе оди во училиштата, ќе соработува со здруженија на граѓани и со младите на работилници на кои ќе им презентира на младите како да се заштитат, односно ќе ја има превентивната улога. И на работилници ќе ги учи младите што е она што е полезно на интернет, а што и како треба да се избегнуваат информациите кои што тие не би сакалае да ги гледаат. Не станува збор за цензура, за забранување на определени страници од наша страна, туку овој проект повеќе работи на механизми за превенција и на учење на младите и на засегнатите страни – психолози улчилишта, институции, универзитети кои би требало да пружаат поддршка на младите уште во процесот пред да се соочат со сајбер малтретирање, рече Андовски.

Тој оцени дека загрижува тоа што немаме доволно податоци за тоа каква е состојбата со младите на интернет.

-Информациите единствено доаѓаат од институциите каде што еден млад човек ќе пријави дека имал одредена закана или некој кривично – правен настан и тоа се случува со пријавување во МВР. Освен тие информации од МВР, ние немаме точен податок со колку насилство на интернет или сајбер малтретирање се соочуваат младите. Така што еден елемент од овој проект ќе биде и тоа да диознаеме каква е состопјбата споредено со другите држави, вели Андоновски.

Тој додаде дека родителите ќе бидат вклучени во проектот преку училиштата каде децата поминуваат голем дел од своето време. За нивната обука предвидени се онлајн модули преку кои тие ќе се запознаат за тоа како да реагираат во случај на сајбер малтретирање на нивните деца. За одржливоста на проектот, нагласи дека како Влада максимално ќе се посветат да протолжи и понатаму доколку ги даде очекуваните резултати.

Tags: MkSafeNet
Next Post

Пандов контра соопштението од ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Рамадани ќе си прашате во МВР

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk