ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Дерала за Балкан Форум: Авторитарните режими се поврзани, си помагаат и меѓусебно се финансираат

August 15, 2024 15:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еминентната косовска тинк-тенк организација Балкан форум објави опширно видео интервју со Џабир Дерала од ЦИВИЛ, во кое новинарката Гонџе Коњуфца постави широка палета од прашања и теми. Интервјуто е дел од серијалот „Балканот и пошироко“ во кој гостуваат истакнати личности од јавниот, медиумскиот и политичкиот живот во регионот на Западен Балкан, објави ЦивилМедиа.

„Придружете ни се во уште една епизода од подкастот на Балканскиот форум за серијата Балканот и пошироко, во која учествува Џабир Дерала, ценет истражувачки новинар од Северна Македонија. Џабир е основач на ЦИВИЛ, водечка организација за човекови права, и добитник е на наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година и со Орден за заслуги од претседателот Зеленски. Во оваа епизода го истражуваме патувањето на Џабир во новинарството, неговата посветеност на промовирање на демократијата и слободата на печатот и неговата борба против дезинформациите. Слушнете ги неговите искуства, предизвици и визија за иднината на новинарството и човековите права во Југоисточна Европа“, најави новинарката на почетокот од интервјуто.

Во 43-минутното интервју, меѓу другото, Дерала говореше за порастот на екстремно десниот национализам, што може да предизвика „сериозни безбедносни предизвици“. Тој рече дека „најавите“ за тоа веќе беа видени со безбедносниот инцидент во Бањско, Косово, минатата година.

„Треба да се соочиме со фактот дека екстремно десниот национализам е во пораст, дека ѕвецкањето со оружје е сè погласно и погласно во регионот на Западен Балкан. Тоа може или има потенцијал да предизвика навистина сериозни безбедносни предизвици, да не зборувам за војни или воени операции. Ги видовме ‘најавите’ за тоа неодамна, во септември минатата година“, рече Дерала во интервјуто за Балкан форум.

Дерала посочи дека авторитарните режими се меѓусебно поврзани и се помагаат, а ја истакна и потребата демократските сили да се поврзат и да соработуваат меѓусебно.

„Демократските сили во нашите земји треба да се поврзат едни со други. Зошто? Затоа што авторитарните режими постојано се поврзуваат! Тие се во мрежа. Тие учат еден од друг. Тие си помагаат еден на друг. Тие меѓусебно се финансираат. Значи, токму тоа треба да го направиме и од другата страна – на демократската страна, како што спомнав на почетокот: Медиумска писменост и едукација за човекови права“, посочи Дерала.

Тој наведе и што треба да се преземе во таа насока, препораки што го отсликуваат неговиот ангажман во доменот на заштитата на човековите права и слободи.

„Охрабрете ги луѓето дека тие ги имаат сите човекови права само врз основа на едноставниот факт што се родени како човечки суштества. Значи, без разлика на нивната социјална, етничка, религиозна припадност, сексуална ориентација, без оглед на потеклото, членството или ориентацијата – тие ги уживаат сите права како човечки суштества поради едноставниот факт – тие се човечки суштества“, вели Дерала.

Според него, секој има обврска да преземе акција и дека очекувањето некој друг да се бори секогаш води кон ситуација, всушност, никој ништо да не преземе.

„Затоа, поттикнете ги да се борат за своите права, бидејќи секогаш кога владее мислењето дека некој друг ќе се бори за нив – ништо нема да се случи“, рече Дерала.

Интервјуто во целост може да се погледне на Јутуб каналот на Балкан Форум.

Б. Јордановска / Циви Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk