ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент поради повик за ослободување на затворен опозициски пратеник

August 16, 2024 20:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Во турскиот Парламент денеска изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако го спомна својот колега, Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање на антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник,и повика тој да биде примeн во парламентот.

На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) како трчаат да го нападнат пратеникот Ахмет Шик додека зборуваше, додека уште десетици други се приклучуваат на тепачката. Некои пратеници се обидуваат да ја смират ситуацијата.

Кан Аталај беше осуден во 2022 година на 18 години затвор поради наводно организирање на протестите во паркот Гези во 2013 година заедно со Осман Кавала и уште шестмина други. Сите обвинети ги отфрлија обвиненијата.

И покрај затворската казна, Аталај во мај минатата година беше избран за пратеник од Работничката партија на Турција (ТИП). Парламентот првично му го одзеде местото, но на 1 август Уставниот суд го прогласи неговото исклучување за неважечко.

„Не сме изненадени што Кан Аталај го нарекувате терорист, исто како што тоа го правите со сите кои не се на ваша страна. Но најголемите терористи се оние кои седат на овие места“, изјави Шик обраќајќи се кон пратениците од АКП. Заменик-претседателот на парламентот објави пауза од 45 минути по тепачката.

ТИП исто така повика на ослободување на Аталај од затвор.

Во јуни, пратениците на АКП се судрија со пратениците на прокурдската Демократска партија на народите (ДЕМ) поради притворањето и смената на градоначалниците од нивните редови на југот на Турција поради наводни врски со милитантите.

Tags: парламентТепачкаТурција
Next Post

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk