ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат

August 21, 2024 23:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Разочарувањето од тоа што оваа година ќе ја започнат школската година без покачени плати е големо и тоа јасно ми го пренесоа наставниците.  Покрај наставниците има големо разочарување и кај сите останати работници кои школската година ја започнуваат со зголемени трошоци за живот и најави дека нема да се зголемуваат платите. Прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата која што СДСМ успешно го спроведуваше 7 години, е на директна штета на работникот и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Битола кадешто се сретна и со наставниците од овој град, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека СДСМ останува партнер на работниците, на граѓаните и на синдикатите и ќе вршиме притисок врз владата да го смени планот, додаде претседателот Филипче.

-Преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики, да го смени планот и да овозможи платите да продолжат да растат, рече Филипче.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги приватизираше највиталните органи на државата и дека никој не знае што се случува на границата со Косово.

-Контролата на границите е целосно партизирана што ја доведува во опасност државата. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше законско работење, но добивме Влада која ги приватизираше највиталните органи на државата како МВР и граничните премини. Никој не знае што се случува на границата со Косово откако ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја има под контрола, рече Филипче.

„Безбедносната состојба во државата се влошува, додаде тој потенцирајќи ги нерасчистените убиства, пукањата и пресметките на криминалните структури, како случајот кај Мавровка вчера кој ја потресе јавноста. МВР е целосно нефункционална институција и безопасна за криминалците откако ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски ја раководат. Имаме осум убиства и обиди за убиства само за шест месеци само едно расчистено. СДСМ ќе продолжи силно да притиска и ги објавува сите катастрофални политики и работење на Владата со цел да се подигне свеста дека состојбата е драматично влошена во однос на безбедноста. ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите до сега. Големо е разочарувањето во јавноста дури и кај оние кои гласаа за нив. ВМРО-ДПМНЕ потфрли во сите ветувања во јавноста, особено во делот на политичка одговорност. Нема одговорност за никој кој го прекршил законот. Нема одговорност за Гаши, за началниците на границата, за партиски кадри кои се фатени во криминал. Наши гласачи кои не гласале или решиле да не казнат масовно пристапуваат назад, СДСМ се консолидира и од оваа есен започнува организирано и силно политички да делува. Верувам дека можеме брзо да го подобриме резултатот и да се вратиме на победнички патеки. СДСМ е единствена партија која може да го победи ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Филипче.

ЗНАМ и Максим Димитриевски откако се влезени во власта потврдија дека ги интересирале само фотелјите, додаде тој.

-Тие поддржуваат антисоцијадемократски политики и се само подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Она што јас прв го алармирав сега се покажува како точно а тоа е дека неговата улога беше само да го подели СДСМ, истакна Филипче.

Tags: БитолаФилипче
Next Post
. Фото: Фејсбук страна на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

Дали претседателката Силјановска Давкова, „доследна на својата недоследност“, се врти кон мултиполарниот свет на Путин?

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk