РИБАРО
Има да си играме пинг-понг со народот до крајот на мандатот. А, крајот како што знаете нема да е скоро. Нека патат!
Како што дознава АХА, ова го истакнал премиерот Мицкоски на брифингот со најбилските соработници после средбата со градоначалничката Арсовска, видно задоволен од себеси и од исходот на средбата.
„Нели гледате како вешто дриблам со ситуацијата. Прво ќе мавнеме на Данела, дека као само таа е крива за катастрофата со Скопје, баш ме заболе што ние им ја тутнавме; па ќе им нафрлиме на СДСМ да глодаат за Гаши; па малку за судство; па ич за ЕУ, а најмалку за стандардот на граѓаните. Ќе ги оставиме мафијашките пресметки на раат. Па ќе се убиваат на сред Скопје секој ден. Маестрално, нели?!“, констатирал Мицкоски.
– Додека државата оди во неповрат, градот се гуши во ѓубре, додека синдикалната кошничка надминува илјада евра, a трошоците за преживување растат по 10 евра секој месец, ние ќе си играме пинг-понг со народот давајќи им ситна боранија за занимација. А, што, мислите дека заслужуваат повеќе?, прашал Мицкоски.
Ма заслужуваат жими кабинетот од татко ми. Најважно е да се држат во страв, да се јача национализам, да не се спомнува ЕУ и за стандардот да не прават ич муабет. Има да ги дереме до гола кожа!, рекол Мицкоски.
– Ама шефе, народот не е глуп, веќе му прекурчува, се гледа тоа деновиве, вратил присутен на брифингот.
– А, бе, ајде не ме заебавај, низ насмевка искоментирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK