ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа: Кога потрошувачката кошничка е поголема од минималната плата, укажува на сериозни економски предизвици за граѓаните!

August 22, 2024 13:18
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

„За да се намалат последиците од осиромашувањето на граѓаните и падот на животниот стандард, државата треба да преземе низа мерки кои ќе се фокусираат на економскиот раст, социјалната заштита, и структурните реформи. Првенствено, треба да се поттикнат домашни и странски инвестиции преку подобрување на деловната клима и олеснување на бирократските процедури. Инвестициите во индустрии со висок потенцијал за раст и иновации ќе создадат нови работни места и ќе ја зголемат продуктивноста, додека поддршката за малите и средни претпријатија (МСП) ќе биде клучна за намалување на невработеноста и стимулирање на економијата“, вели за „Фронтлајн“ – универзитетскиот професор и економски аналитичар, Абил Бауш анализирајќи ја економската состојба и животниот стандард во државата.

– Покрај економскиот раст, државата треба да ги зајакне социјалните мерки преку проширена социјална заштита за ранливите групи и регулирање на цените на основните производи. Ова вклучува зголемување на помошта за сиромашните семејства и обезбедување пристап до основни услуги како здравство, образование, и домување. Дополнително, Централната банка треба да води стабилна монетарна политика за контрола на инфлацијата и заштита на куповната моќ на граѓаните, додека државата треба да воведе иновативни програми за обука и преквалификација на младите и невработените, со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот, анализира професорот.

Абил Бауш

Според него, одржливиот развој треба да биде приоритет, со фокус на инвестиции во аграрот, руралниот развој, и обновливите извори на енергија.

– Поддршката за земјоделството преку субвенции и модернизација на производството ќе помогне да се стабилизира животниот стандард во руралните области, додека развојот на руралната инфраструктура ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на населението во тие региони. Со спроведување на овие мерки, државата може значително да ги ублажи последиците од осиромашувањето и да создаде основа за долгорочен и одржлив економски раст. Кога потрошувачката кошничка е поголема од минималната плата, тоа укажува на сериозни економски предизвици за граѓаните во обезбедувањето на основните животни потреби. За да се подобри стандардот на живот и природно да се зголеми минималната плата, државата треба да преземе стратешки мерки кои ќе поттикнат економски раст и продуктивност, потенцира професорот Абил Бауш.

Инвестирањето во иновации и технологии, вели тој, како и развојот на сектори со висока додадена вредност, ќе го зголемат економскиот потенцијал и ќе создадат квалитетни работни места со повисоки плати.

– Овие мерки, заедно со зајакнувањето на работничките права и подобрување на колективните договори, ќе обезбедат фер и правични плати за работниците, особено во секторите со пониски примања. Дополнително, инвестирањето во образованието и обуката ќе овозможи развој на квалификувана работна сила која ќе може да се вклучи во високо платени и технички сложени работни места. Програмите за преквалификација ќе им овозможат на работниците да преминат во сектори со поголема побарувачка и повисоки плати, што директно ќе придонесе за зголемување на нивниот животен стандард. Контролата на инфлацијата и одржувањето на стабилни цени преку стабилна монетарна политика, како и субвенционирањето на основните потреби, ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе го зачуваат куповната моќ на нивните приходи, заклучува нашиот соговорник.

Тој смета дека, државата треба да спроведува ефективна социјална политика и да воведе прогресивни даноци за да ја намали даночната тежина врз ниско платените работници и да обезбеди поголем нето приход.

– Подобрувањето на социјалната заштита и таргетираните програми за помош на најзагрозените граѓани ќе ја намалат социјалната нееднаквост и ќе го зголемат животниот стандард. Со преземање на овие мерки, државата ќе создаде услови за континуиран економски раст, што природно ќе доведе до пораст на минималната плата и подобрување на квалитетот на животот за сите граѓани, наведува тој.

Билјана Дуковска

Билјана Дуковска, од македонска платформа против сиромаштијата во изјава за „Фронтлајн„ вели дека ако тргнеме од позицијата дека осиромашувањето се случува само заради порастот на трошоците за живот тогаш интервенцијата треба да биде во развојот на економијата, со што би стремеле кон достоинствени плати за живот.

– Тоа не значи само покачување на минималната плата, туку инвестиција кон поквалитетни работни места, поголеми работнички права и фер плати. Истовремено, конечно треба да се вклучи прогресивното (праведното) оданочување за да се обезбеди праведен и ефикасен начин на собирање даноци, и нивна праведна редистрибуција, но и да се намали даночниот товар на најранливите категории на население. Од друга страна, мора да се следи структурата на населението кое е најранливо и најпогодено, па за овие граѓани да се обезбедат социо-економски поддршки кои ќе го зголемуваат семејниот буџет до соодветен за квалитетен живот. Тука може да се прави комбинација од финансиска помош, субвенции за основни потреби и програми за социјална интеграција, но и здравствени олеснување, поддршка за децата, социјални услуги, итн., анализира Дуковска.

Важно е, додава таа, да се внимава на намалување на социјалната нееднаквост и социјалните поддршки да ја следат инфлацијата и навремено да одговорат на неа, вбројувајќи ги тука правата на парична помош од социјална заштита.

– За да има успех потребни се системски, а не ад-хок или краткорочни мерки кои не ја гарантираат сигурноста во семејствата и ги прават дополнително ранливи. Антикорупциските мерки на сите нивоа не смее да се изостават, иако навидум немаат големо влијание во целата состојба, подвлече таа.

„Минималната плата во земјава е најниска во регионот и затоа итно и неопходно е зголемување на минималецот во износ од најмалку 450 евра“, посочи претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов на прес-конференција по повод одбележувањето на 78 години постоење на Сојузот и додаде дека синдикалната минимална кошничка од декември е зголемена за 4.600 денари, додека пак, инфлацијата во првите шест месеци од годинава е 3,65 отсто.

„Ние не знаеме како да преживееме со 4.600 денари зголемени трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство и зборуваме за зголемување на платите, кое е итно и неопходно, а од другата страна слушаме изговори дека цените ги подгреваат зголемувањата на платите и дека заради тоа се зголемувале цените“, истакна Трендафолов.

За една деценија просечната плата во земјава пораснала неколку пати, но македонскиот работник останува меѓу најмалку платените во регионот.

Просечната плата во мај 2014-та била 21.483 денари, а според последните објави на Државниот завод за статистика, просечна плата во мај 2024 изнесува 41.085 денари(668 евра).

Подобро од македонските работниците заработуваат тие во Србија, во просек 825 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 707 евра, во Црна Гора 825, во Хрватска 1.324 и во Словенија 1.480 евра месечно.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

Минималната плата во земјава е најниска во регионот, како да преживееме со 4.600 денари зголемени трошоци за живот, прашува Трендафилов

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Абил БаушБилјана ДуковскаВладаминималма платасиромаштија

НАЈНОВО

ФОТО: МИА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула

June 3, 2025
Фото: Скриншот, видео ТНТ Спорт

(ВИДЕО) Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

June 3, 2025

Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk