ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николова: Неоправдано е да се тврди дека нема можност да се покачат платите во образованието

August 25, 2024 11:35
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДПМНЕ ги изневери наставниците! Тие нема да добијат зголемување на платите за 12% во месец септември.  Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. Во изминатите години ДПМНЕ ветуваше поголеми плати, поттикнуваше штрајкови, иако платите на наставниците секоја година се зголемуваа, истакна на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Да ве потсетам дека во април 2022, сегашната министерка Весна Јаневска, која тогаш беше опозиционерка, велеше „Потребно е Власта да изнајде пари бидејќи за наставниците станува збор!“ Сега истата таа Весна Јаневска, откако седна во министерската фотеља, зборува сосема друго. Таа и ДПМНЕ ги погазија ветувањата кои ги дадоа пред наставниците и граѓаните. Тоа значи понижување и манипулирање на наставниците и сите вработени во образованието“, рече Николова.

„Дека има пари потврда е луксузирањето на премиерот и министрите кои патуваат со најскапи авионски билети. Тоа е само потврда дека во прашање е избор на приоритети. За ДПМНЕ, наставниците не се приоритет.

Наставниците и сите граѓани знаат дека во изминатите 7 години, Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55%. И во годините на здравствена, економска и енергетска криза, имаше пари за континуирано зголемување на платите во образованието.

Ако во 2016 година основната платата на наставниците во основно образование изнесувала 21.100 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 33.640 ден.

Ако во 2016 година основната платата на наставниците во средното образование изнесувала 21.950 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 35.200 ден.

СДСМ ги зголеми платите и во високото образование. Така, ако платата на редовните универзитетски професори во 2020 година изнесувала 36.211 ден, во 2024 год. таа изнесува 81.783 ден.

Сосема е неоправдано, Владата предводена од ДПМНЕ да тврди дека нема можност да се покачат платите во образованието.

СДСМ останува да бидеме партнери на наставниците во заштита на  нивните права. СДСМ ќе се спротистави на политиките на оваа Владата која свесно сака да ги стави наставниците и образованието воопшто на маргините на општеството“, истакна Николова.

Tags: ЈаневскаНиколоваобразованиеплати
Next Post

Турнејата „Ерас“ на Тејлор Свифт би требало да надмине милијарда долари приход

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk