Во Берово заврши 14-тото издание на Етно плоштад фестивал. Овогодишното издание на фестивалот го затвори познатата хрватска пејачка Јелена Розга, на која и претходеа настапи на младите реномирани пејачи Филип Пецовски и локалните изведувачи Иван и Ангел.
-Синоќа Берово беше епицентарот на светот, а Јелена Розга со својот спектакуларен настап во Берово, пред многубројната публиката, од најмладите до најстарите жители, создаде атмосфера за паметење, и визуелен спектар на бои, по што долго ќе ја памтиме и ќе пренесуваме позитивни вибрации, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој порача од овогодинешниот Етно Плоштад Фестивал оние кои престојувале во Берово да ги понесат моментите на задоволство од присуството во еден најчистите градови во државата.
Паралелно со фестивалот заврши и Саемот ,,Малешевијата на дланка”
-Годинава можеби поминавме малку послабо од претходните години бидејќи обично саемот се одржува во пресрет на празникот Голема Богородица, кој е за два дена. Се надеваме дека следната година ќе биде подобро, вели една од учесничките на саемот која на присутните им понуди традиционални овошни производи.
Берово по тридневниот настан се подготвува за големиот христијански празник Голема Богородица која е заштитничка на градот.