ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Барањата за зголемување на платите доаѓаат од работниците, работа на Мицкоски е да најде пари

August 27, 2024 11:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците и премиерот Христијан Мицкоски тоа мора добро да го знае, одговори вчера претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање за обвинувањата од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека Синдикатите се синхронизирани со СДСМ во барањата за повисоки плати.

Според Филипче, покрај тоа што премиерот мора да знае дека на работниците им следуваат повисоки плати, негова обврска е тоа зголемување добро да го испланира.

„Премиерот мора добро да испланира во буџетот како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците не да се обидува да продолжува со политиката од едно минато време, од минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Северна Македонија беше рај на евтина работна сила“, истакна Филипче од Струмица.

Претседателот на СДСМ потсети дека во времето на СДСМ и покрај кризите во кои функционирала државата – ковид, економска и енергетска криза секогаш имало пари за работниците. Филипче постави една хипотетичка ситуација – што би се случило доколку сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ се соочи со криза?

„Можете да замислите што ќе се случи ако такви кризи и се случуваа сега на оваа влада? Таа не може да се снајде во овие услови кога нема некаква криза што да мислиме ако повторно настане некаква криза. Што ќе биде со државата ако ВМРО-ДПМНЕ ја води владата и државата во време на некаква криза. Веројатно некаков game over, крај на играта“, вели Филипче.

Тој потенцира дека граѓаните и работниците знаат дека тие се природен партнер на Социјалдемократскиот сојуз и дека и во најтешките времиња СДСМ секогаш се грижи за работниците и за подобрување на нивниот стандард и услови за живот.

СДСМ утрово на социјалните мрежи сподели графикон за растот на платите во образованието од септември 2019 година до денес.

Tags: МицкоскиплатиработнициФилипче
Next Post

Со Меѓународен поетски митинг во МСУ завршија „Струшките вечери на поезијата“

Најново

Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk