ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Лукаревска за Слободен печат: Ги презедовме сите мерки за да ги заштитиме работничките права

September 4, 2024 21:32
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска за „Слободен печат“ изјави дека префрлањето на државните службеници во даночни било правно оправдано и спроведено во согласност со законите. Лукаревска го објасни процесот како начин да се избегнат потенцијални тужби и кривична одговорност, доколку службениците не биле префрлени во предвидениот рок.

„Доколку не го направевме тоа во законскиот рок, можеше да дојде до тужби, па дури и до кривична одговорност за мене како работодавач“, објасни Лукаревска, додавајќи дека одлуката била потпишана на 12 февруари од тогашниот министер за информатичко општество и јавна администрација.

Лукаревска истакна дека одлуката предвидувала сите вработени во УЈП да добијат нови договори за работа во рок од еден месец, што било постигнато без да се нарушат правата на вработените. „Преку целиот процес се боревме ниту едно работничко право да не биде скратено“, изјави таа.

Според Лукаревска, откажувањето и издавањето нови договори не е новост во УЈП. Таа потсети дека и таа самата, кога започнала да работи во УЈП во 2017 година, добила откажување на договор и потоа нов договор за работа.

„Ова е пракса која и претходно се сметала за законски издржана. Државниот инспекторат за труд, за жал, не го зема тоа предвид, иако ние постапувавме според истото искуство“, нагласи Лукаревска.

Со ова, таа ја истакна законската основа на сите постапки кои ги спровела УЈП во врска со вработувањето на службениците, осигурувајќи дека ниту едно работничко право не било нарушено.

Антикорупциска поднесе иницијатива за кривично гонење на поранешната директорка на УЈП Лукаревска за „несовесно работење во службата“, а актуелната директорка на Петрова ја обвини дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата, објави РСЕ.

Next Post

Концерт во Битола на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски - Шпато

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Црни вдовици“ – скандали со фиктивни бракови во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија? Дилемите растат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија плаќа, Скопје прифаќа – Мигрантите доаѓаат, а државата губи контрола!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk