Како влада размислуваме за сите општини во државата да направиме пакет, за да може сите општини што имаат потреба од организиран јавен превоз тоа генерално да го решиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, прашан за проблемите со автобускиот превоз во Град Скопје.
Според Мицкоски, ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси.
-Ние како влада можеме работите да ги решавме системски, а не парцијално. Затоа има јавен повик, за решавање на проблемите. За 75 дена од денот на формирањето на владата, ние за помалку од една година обезбедуваме 21 милијарда денари за општините, во кои се општините во градот Скопје и Град Скопје. Ги повикуваме сите да аплицираат, да понудат проекти и на тој начин да ги подобриме условите во општините. Набавката на нови авторбуси (во Скопје) можеби и не претставува проблем, но во Македонија има и други градови кои што имаат потреба од автобуси и не е само градот Скопје. Ние очекувавме од госпоѓата Арсовска да слушнеме план, очекувавме на координација на советничките групи да слушнеме план, рековме дека безусловно ќе ги поддржиме програмите, и ги поддржавме. Денеска да почнеме процес за набавка на автобуси само за Скопје, претпоставувам дека успешно ќе биде завршен и автобусите ќе бидат испорачани за следната учебна година, рече премиерот.
Мицкоски посочи дека се на располагање да слушнат и да го поддржат тој план, и ако е планот гласање за кредит за да се набават автобуси што ќе стигнат догодина, како што рече, тоа не е решение за проблемот што го имаат скопјани.
– Проблемот се решава со мобилизација на компанијата Јавно сообраќајно претпријатие, со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку субвенција ги даваат на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, и на тој начин проблемот се решава инстант и брзо, но тоа неможе да го стори владата, истакна меѓу другото премиерот Мицкоски.