Новиот пакет одбранбена помош за Украина, со проценета вредност од 250 милиони американски долари, вклучува ракети за противвоздушна одбрана, муниција за ракетни системи и артилерија, оклопни возила, противтенковски оружја, патролни чамци и друго оружје, се вели во соопштението на Пентагон објавено во петокот, пренесува Укринформ.
„Овој пакет кој има проценета вредност од 250 милиони американски долари, ќе и обезбеди на Украина дополнителни способности за да ги задоволи нејзините најитни потреби“, се вели во соопштението.
Во пакетот како што прецизираат од Пентагон се опфатени: ракети РИМ-7 и поддршка за воздушна одбрана; Ракети Стингер; муниција за високомобилни артилериски ракетни системи (HIMARS); Артилериска муниција од 155 и 105 мм; проектили за повеќецевни лансери, оптички и жично наведувани (TOW) проектили; Анти-оклопни системи Javelin и AT-4; Bradley пешадиски борбени возила; Оклопни транспортери М113; Возила отпорни на мини (MRAP); муниција за лесно оружје и гранати.
Украина ќе добие и патролни чамци, опрема за поморска обука, опрема и муниција за уривање, резервни делови, помошна опрема, услуги, обука и транспорт.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина денеска, го најави новиот пакет за украинските вооружени сили.
Подготви: Ј. Ѓ.
Поврзано:
Бајден ќе одобри дополнителни 250 милиони долари безбедносна помош за Украина