ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Филков: Во моментов сите решенија за Судски совет се на маса и се бара најдоброто решение

September 7, 2024 10:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Игор Филков, осврнувајќи се на состојбите во Судскиот совет посочува дека тој треба да биде независно тело кое во одлуките ќе се води од индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот.

-Реформите се потребни и како акти, конкретни активности, но и како менување на начинот на опсервирање и перцепција. Ние, Судскиот совет го гледаме како комплетно независно тело кое во одлуките се раководи токму од индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот. Ние апелираме на нивната професионалност и посветеност на законските парадигми и токму во таа насока е и оваа реформа. Затоа, иницираме постигнување независност која што ќе произлезе токму од самите судии и обвинители, тие да ги изберат членовите и да ја понесат моралната, професионална и правна одговорност во тој избор. Во Судскиот совет не треба да влијаат предлозите од владата, од парламентот, од претседателот. Ние даваме простор,  сега Судскиот совет, со самостојни одлуки, прво за својот состав,  да ја потврди својата независност. Дадовме и време, но од нивна страна се уште нема никаков одговор, предлог или одлука. Сметам дека индивидуалната одговорност ќе има многу поголем ефект од колективната одговорност која пак може да не втурне во еден опасен лавиринт од кој ќе биде тешко да се излезе. Но, во моментов сите решенија се на маса и се бара најдоброто,вели Филков, во интервју за Вечер.

Во однос на прашањето, дали претседателката на Судскиот совет Весна Дамева доставила сет предлози за реформи, министерот за правда, Игор Филков одговори дека до овој момент тоа не е сторено, но дека се надева дека во перидот кој следи ќе се најде време за дијалог.

-Потребата за реформи  е очигледна. Нефункционирањето на правосудниот апарат го гледаат и го чувствуваат на своја кожа и граѓаните, посебно оние што се во самиот систем, суштински и правно. Се бараат реформи кои посебно се однесуваат на работата на Судскиот совет, нешто што и ние го увидовме, при евалуација и зголемување на транспарентноста на дисциплинските постапки. Дел од овие реформи се веќе планирани и што од сето тоа ќе биде спроведено, ќе зависи од анализата на  функционалноста како систем. Официјална средба со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, во рамките на Министерството за правда не е направена, но се надевам дека во периодот кој следи ќе се најде време за дијалог, потенцира Филков, пренесуваат од МП.

Tags: судски советФилков
Next Post

Мариово гори, ЦУК вели активни се седум пожари, три се под контрола

EVN

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk