ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косово бара од Западот да преземе мерки против Вучиќ: Запрете го пред да започне војна

September 7, 2024 12:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, ги повика Европската унија и Соединетите Американски Држави да преземат мерки против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако вчера се затворија граничните премини за влез во Србија од Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Тој мора да се запре пред да започне војна“, напиша Грвала на Твитер во петокот вечерта.

По блокадите на српската страна на граничните премини од страна на групите кои протестираат против одлуките на косовските власти на северот на Косово, шефицата на косовската дипломатија рече дека во овие дејствија е инволвирана и српската држава.

„На другата страна од границата во Берњак, маскирани Срби запираат автомобили со германска регистрација и не ги пуштаат Албанците да поминат. Полицијата на Вучиќ ја поддржува оваа расистичка ескалација, гледа и не прави ништо“, напиша Грвала.

Таа најави и дека Косово исто така ќе ја држи границата затворена, „сè додека не се гарантира слободното движење и Албанците не се безбедни од најлошите сцени на маскирани српски криминалци кои повторно ги прогонуваат и им се закануваат“.

„Ги повикуваме ЕУ и САД цврсто да се спротивстават на следните ескалирачки чекори на Вучиќ. Тој мора да се запрен пред да започне војна“, порача Грвала.

Претходно во петокот министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља најави затворање на граничниот премин во Брњак. Во еден случај, според Свечља, семејство кое патувало од Косово за Германија не можело да го продолжи патувањето и било насилно вратено назад. Тој овие дела ги нарече фашистички и рече дека се случуваат пред очите на полицијата на Србија, која ја нарече соучесник.

Другите патишта во Србија, кои водат до граничните премини со Косово, Мердаре и Јариње, беа блокирани во петокот попладне од групи кои протестираа против одлуките на косовските власти на северот на Косово.

Блокадата ја најави „Советот за блокади на Србија“ откако косовската полиција затвори пет канцеларии на паралелни српски структури на северот на државата, населен со мнозинско српско население, поради сомневање за наводно фалсификување документи.

Во акцијата на 30 август беа затворени канцелариите на четири паралелни општини – Митровица, Лепосавиќ, Зубин-Поток и Звечан, како и канцеларијата на Округот Косовска Митровица.

Меѓународната заедница ја критикуваше Владата предводена од премиерот Албин Курти за ова и за други дејствија на косовскиот север, повикувајќи ја да се воздржи од „дејства што би можеле да поттикнат тензии“.

По предупредувањето за блокада, косовските институции ги повикаа граѓаните да избегнуваат преминување од Србија. Министерството за надворешни работи побара од граѓаните да избегнуваат транзит преку граничните премини со Србија, а Националниот центар за гранично управување повика границата да не се минува ниту на единствениот премин со Црна Гора, Кула.

Tags: ВучиќКосовоСрбија
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Независноста е казан во кој жив го сваривме јастогот на државата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk