ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

По 20 евра ќе плаќаат туристите од крузерите на грчките острови Миконос и Санторини

September 8, 2024 17:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам, целта не се пристигнувањата, туку приходите, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на традиционалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун и паралелно соопшти дека патниците од крузерите ќе плаќаат по 20 евра на островите Миконос и Санторини во високата туритичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина.

На традиционалната прес-конференција што се одржува веднаш по свеченото отворање на саемот, грчкиот премиер говореше за актуелните теми од внатрешната и надворешната политика во земјата.

За туризмот посочи дека целта не се пристигнувањата, туку приходите и „би сакале повеќе туристи, кои трошат повеќе пари“, но и објасни уште подобро за одржливоста на дестинациите би било „ако помалку пристигнувања, а повеќе приходи“, додека пак за прекумерниот туризам посочи дека постојат проблем на одредени дестинации неколку седмици или месеци од годината.

-На пример, крузерите многу ги оптоваруваат Санторини и Миконос и затоа интервенираме и воведуваме такса на крузери што ќе биде 20 евра за месеците од високата сезона. Еден дел од овие пари ќе им се врати на локалните заедници за инфраструктурни проекти. Подеднакво важна е интервенцијата за бројот на бродови кои пристигнуваат истовремено на одредена дестинација, рече Мицотакис.

Паралелно нагласи дека е „многу опасно Грција да се претстави како земја непријателска кон туризмот“.

-Едно е да истакнуваме постоечки слабости, а друго е да сметаме и да ја прикажуваме Грција во странство како земја што не е гостопримлива за туристи. Бидејќи второто не е точно. А градовите и земјите што го сторија тоа ќе имаат последици од такво преувеличување, посочи грчкиот премиер.

Поврзано: 

Мицотакис најави зголемување на минималната плата и пензиите, како и пакет мерки за поддршка на граѓаните

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрцијаМиконосМицотакисСанторини

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk