Вкупно 65 лица се убиени и ранети во израелските воздушни напади врз населба со шатори во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска официјални лица од Газа, додека израелската војска информира дека целта бил команден центар на Хамас.
Лекарите и локалните жители велат дека шаторската населба се наоѓа во близина на градот Кан Јунис, во областа Ал-Маваси, која е означена како хуманитарна зона, со оглед на тоа што е преполна со раселени Палестинци. Најмалку четири проектили паднале на подрачјето, при што биле запалени дваесет шатори и направиле кратери длабоки девет метри.
Функционери од Газа наведуваат дека загинале и ранети се 65 лица, но не се знае точно колку од нив загинале, а колку се ранети. Министерството за здравство сè уште собира податоци, додека новинската агенција на Хамас, Шехаб јави дека загинале 40 Палестинци.
Израелската армија соопшти дека нападнала терористи на Хамас кои формирале командно-контролен центар во хуманитарната зона. „Терористите напредуваа и извршија терористички напади против нашите војници и државата Израел“, се вели во соопштението на израелската армија.
Хамас ги отфрли сите обвинувања за користење на цивилни области за воени цели. „Ллага е да се оправдаат овие страшни злосторства. Во зоните во кои живеат цивили, нема наши членови, нема кој би го искористил тој простор за воени цели“, соопшти Хамас.