ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

(ФОТО) Во долги редици на дожд, студентите со часови чекаат легло во студентскиот „Гоце Делчев“

September 10, 2024 16:02
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Архивска фотографија. Фото: МЕТА

Архивска фотографија. Фото: МЕТА

Share on FacebookShare on Twitter

Дожд, кал, наводенети документи и гужва од чадори под кои стотици студенти го чекаат својот ред – ваква е денес сликата пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Од денес започнува вселувањето во студентските домови пред стартот на новата академска година. Гужвите и чекањето со часови ниту годинава не го одминаа студентскиот „Гоце“, кој е најголем од сите студентски домови што во моментов се во функција.

Студенти и нивни родители со куфери во рацете може да се забележат пред секоја од четирите згради кои се дел од овој студентски комплекс.

Најдолга е гужвата пред блокот „Б“, каде студентите – идни станари најпрво треба да појдат за да ги платат и земат потребните документи, а потоа да заминат да чекаат ред и во зградата во која одбрале да бидат сместени.

„Дојдени сме од 9 утрово, го чекаме синот, еве стигна до средината на редицата, којзнае уште колку ќе чекаме“, ни рекоа родителите на еден од студентите што добил легло во „Гоце Делчев“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Студентарија (@studentarijamk)

„Успеав да ги подигнам документите за еден час, сега чекам ред за да се вселам во зградата. И таму има гужва – не толку колку за документи, но се чека подолго за да ти доделат соба“, изјави студент што чекаше ред за да се всели во блокот „В“.

Надлежните од Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД Скопје) пред повеќе од две години најавија дека процесот на вселување ќе се дигитализира со цел да се намалат гужвите, но тоа до денес не се случи.

Студентите сместени во домовите под капа на ДСД „Скопје“ („Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“) минатите две години плаќаа по 300 денари за студентски картички, кои не им послужија речиси за ништо.

Годинава овој трошок повеќе не е предвиден. Студентите во „Гоце Делчев“ сега при вселување плаќаат 500 денари за потребните документи, 1.200 денари надомест за амортизација и 3.645 денари станарина за месец септември.

Вселувањето во државните и приватните студентски домови за студентите од втора и повисоките години ќе трае во наредните десет дена.

Во меѓувреме, од денес за сместување во студентски дом може да аплицираат и студентите во прва година – бруцошите.

Next Post

Се бара национален координатор за борба против комарци

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk