ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставниот суд промовира нова веб-страница за поголема транспарентност и објективно информирање на граѓаните

September 10, 2024 13:50
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Уставниот суд ја промовира новата веб-страница на којашто се поставени сите информативни содржини поврзани со работењето на Судот и тековните активности. Во насока на зголемување на транспарентноста преку новиот веб сајт граѓаните имаат увид во сите одлуки и решенија на Судот од 1991 година до денес преку алатката за пребарување која со клучен збор е едноставна и лесна за користење.

Од Уставниот суд посочуваат дека особено значајна новина е категоријата на финансиската транспарентност, преку која се овозможува преглед на Буџетот на Судот, завршните сметки, јавните набавки, сите склучени договори. Исто така овој нов веб сајт им овозможува на граѓаните да се обратат директно до претседателот на Уставниот суд, да ги преземат обрасците за поднесување на иницијативи или барања за заштита на слободи и права.

Граѓаните може да се информираат за надлежностите на Судот, историјатот и правната положба, достапни се сите информации во врска со составот и организацијата на Уставниот суд, основните и правните акти, правилници и сите документи.

Согласно потребите за посеопфатно информирање на граѓаните за Уставниот суд, но и поради честите напади во последната година, Судот активно работеше на обновување на веб страницата.

Новата веб-страница ја изработи советникот Ивица Трајковски, во секојдневна координација со претседателот на Судот, Дарко Костадиновски и портпаролката Христина Беловска.

Страницата, како што информираат од Уставниот суд,  ќе биде дополнета со бројни содржини и во периодот којшто следи, а согласно потребите на граѓаните и на новинарите и нивно квалитетно и објективно информирање.

Веб-страницата е достапна на https://ustavensud.mk/

Next Post

ССКМ: Фер пазарна конкуренција ќе донесе придобивки за сите

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk