ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието повторно на пауза, дневниот ред на 14-тата седница ќе се утврдува по 17:15 часот

September 11, 2024 16:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието, на процедурално барање од Блерим Беџети од Европскиот фронт, повторно е на едночасовна пауза. Утврдувањето на дневниот ред на 14-тата седница ќе продолжи во 17:15 часот.

Претходно, исто така, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурално обраќање ја повика опозицијата да влезе во салата, а не да стои во ходниците и да опструира два важни закони кои ги засегаат сите граѓани. Повика и да престанат политиканствата и да се дозволи да се одржат комисиите кои се неопходни за донесување на законите.

-Цел ден опозицијата со повикување на паузи од по еден час се обидува да се направи опструкција при донесувањето на дневниот ред и да се спречи Собранието да донесе два важни закони. Да се биде надвор од салата кога во процедура е Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој планираме на сите пензионери во државава да им ја зголемиме пензијата линеарно за 2.500 денари, почнувајќи од септемвриската пензија и дополнителни 2.500 денари со мартовската пензија е се само не е сериозност, рече Мицевски.

Тој посочи дека е неодговорно да се опструира и донесување на Закон за заем од половина милијарда евра со поволни услови.

Пратениците во претпладневниот дел од седницата ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.

На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Во тек е пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој реагираше дека законот се предлага по скратена постапка, без претставник на Владата.

Претходно, Аднан Азизи од Вреди повторно ги повика пратениците од оваа коалиција да ја напуштат седницата, откако реплицираше на процедурална забелешка на координаторот на ДУИ Блерим Беџети.

Беџети ги обвини Вреди за хипокризија со тоа што дозволиле законот за бранители по скратена постапка на предлог на Славјанка Петровска од СДСМ да стане дел од дневниот ред.

-Европскиот фронт нема да го поддржи овој закон, но вие сте парламентарно мнозинство и требаше да стопирате ова да не се изгласа, рече Беџети.

Азизи пак  посочи дека ДУИ биле долги години на власт и не го донеле  законот за инвалидите на УЧК и нивните семејства, како и дека се обидуваат да враќаат националистички теми продавајќи патриотизам.

Next Post
Бесим Небиу

Небиу: Средбата Мицкоски-Ахмети e за одржување на членството на ДУИ во „кондиција“

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk