ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема македонско знаме покрај претседателката Сиљановска Давкова, на средбата со Радев во Софија

September 13, 2024 19:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Фото: Кабинет на Сиљановска Давкова / БТА

Фото: Кабинет на Сиљановска Давкова / БТА

Share on FacebookShare on Twitter

На фотографиите од денешната средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, се забележува дека нема македонско знаме, покрај знамето од Бугарија и ЕУ.

„Без маски ама и без македонско знаме. Македонија горда“, забележува Марјан Забрчанец во објава на Фејсбук.

Забрчанец прави фото споредба од тоа како била пречекана во Софија, Сиљановска Давкова, а како претходно од Радев биле пречекани македонските премиери Заев и Ковачевски. Од фотографиите се забележува дека покрај Заев и Ковачевски стои македонското знаме.

Во соопштението од кабинетот на претседателката издадено по средбата, се вели дека со бугарскиот претседател се разговарало за потребата од засилен развој на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете земји, за текот на пристапниот процес за членство во Европската Унија и искористување на бугарските искуства на тој пат, како и за можностите за поттик и унапредување на билатералната соработка во повеќе области. Оттаму нема реакција зошто го немало македонскот знаме на официјалната средба.

Сиљановска Давкова по средбата рече дека денеска не разговарале за прашањето на внесување на Бугарите во Уставот, ниту за други конкретни прашања.

Во врска со нејзиниот став за промената на Уставот, Сиљановска Давкова рече дека одлуките за овие прашања ги носат пратениците во Парламентот и не зависат од ставови на поединци.

– Вклучувањето на Бугарите во Уставот не зависи од мене. Јас да сум апсолутен монарх можам да го сменам Уставот, но пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено убедување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања, велам разговаравме, бидејќи ние не може да донесме решение, ниту да го наметнеме на останатите и на нацијата. Но, разговаравме и тоа е здраво, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата во Софија со шефот на бугарската држава Румен Радев.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk