Лавина реакции по средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев. Тоа што граѓаните и критичката интелектуална мисла забележаа беше дека на средбата недостасува државното знаме на Република Северна Македонија.
Според многумина, зачудувачки е како протоколот на претседателката Силјановска-Давкова не реагирал на овој голем пропуст.
– Ме чуди зошто протоколот на предеседателката Силјановкса Давкова не реагирал и не инисистирал да биде истакнато и нашето знаме. Ова е уште еден серијал грешки на протоколот на претседателката што потврдува дека во нејзиниот тим нема човек кој го знае државниот протокол и ја изложува државата и председателката не само на непочитување, туку и на потсмев, вели за „Фронтлајн“, Ацо Кабранов – долгогодишен новинар и политички аналитичар.
Од друга страна, и граѓаните видно се револтирани и со критики за посетата на за посетата на Сиљановска Давкова во Бугарија.
„Државничка посета без македонско знаме?“, „На која слика да го побараме македонското знаме? И ако го немале дали може да го убациме со фотошоп? Оти ова вака срамота“, „Каде е македонското знаме?“, „Претседателке, го допревте дното. Не само што го допревте почнавте да гребете по дното“, „Лажни патриоти насекаде. Гордана, кај ја остави државата што ја претставуваш?“, „Две бугарски знамиња и неиедно македонско. Срамота, Давкова!“ – се дел од коментарите под објавата на претседателката.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија се сретна со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев, на која недостасува државното знаме на Република Северна Македонија.
Инку, на вакви средби на највисоко ниво на државници на две земји стандард е да бидат изложени знамињата на земјите што ги претставуваат највисоките државници. Знамето на Северна Македонија го немаше и на средбата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со неговиот колега од Бугарија Најден Тодоров.
Дестан Јонузи