ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

September 15, 2024 16:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Сиљановска Давкова / БТА

Фото: Кабинет на Сиљановска Давкова / БТА

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ реагира по скандалот од посетата на претседателката Гордана Силјановска Давкова со бугарскиот колега Румен Радев, кога на официјалната средба немаше истакнато македонско знаме.

– Секојдневно ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции што ги изгради СДСМ. После посетата на Сиљановска и министрите на Мицкоски во Софија, сите граѓани без разлика на партиска припадност се понижени и засрамени, реагира порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа на денешната прес-конференција истакна дека, „вчерашната реакција на кабинетот на Сиљановкса само потврдува дека Владата и претседателот на оваа држава ги лажат граѓаните. Како тоа биле тие измамени и непланирано се сликале на официјална фотографија? Како ако биле измамени да се фотографираат сите без македонското знаме, одма побрзаа да ги објават фотографиите на своите профили. Зошто објавиле фотографии ако целата ситуација била подметната?“, праша Кузеска.

– ДПМНЕ и Сиљановска ја вреѓаат интелигенцијата на граѓаните. Тие свесно се сликале, свесно објавиле и се пофалиле со скандалозната посета, истакна Кузеска.

„Со оваа посета на Софија, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозија македонската самобитност и македонски идентитет. За прв пат еден македонски државник се сретнал со друг државник без никакви државни обележја и ова е скандал без преседан. Ова е навреда и омаловажување на државата и нејзините граѓани. Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ иницираа дипломатски скандал со кој допуштија Бугарија да ја понижи и да избрише под со државата и македонските граѓани. Ако ова е тоа што го може македонската дипломатија под водство на Мицкоски и Сиљановска, како тоа ќе преговараат подобри позиции во меѓусебните разговори? Сиљановска ли е таа која ќе ги води овие разгвори или пак Муцунски кој остана нем и без реакција на дипломатскиот скандал кој ни се случи? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, а уште помалку достоинство за да преговара со Бугарија на било која тема. По овој скандал тие ја вратија државата години назад и ги нарушија сите позиции изградени претходно“, наведе Кузеска.

Од Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова соопштија дека не било предвидено фотографирање, и ќе побарале од Бугарија објаснување

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ќе побара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.

– Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, велат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „не е изненадување што СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини“.

– Ние ќе продолжиме да се бориме за Македонија, за нашето знаме, за нашиот народ и за нашата гордост – нешто што СДСМ очигледно одамна го заборави, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзано: 

ДВЕ БУГАРСКИ ЗНАМИЊА И НИТУ ЕДНО МАКЕДОНСКО: Државата изложена на непочитување и потсмев

Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

И Македонското МНР се заплетка во скандалот на претседателката Сиљановска во Бугарија

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk